SOLGAR Естер Ц плус, 50 капсули

SOLGAR Естер Ц плус, 50 капсули
929,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
048661C
favorite_border

Во моментов услугата за достава е достапна само во град Скопје

Опис на производот

Содржи Ester-C®, специјална заштитена формулација на витамин Ц, во рН - неутрална (некисела) форма (калциум Л - аскорбат) произведен со патентирана метода на производство.

Калциум Л-аскорбат е метаболит на витамин Ц (калциум аскорбат метаболит) кој заедно со природно присутните витамин Ц метаболити, формира комплекс кој се карактеризира со повисоко ниво на апсорпција, побрза активација и подолга задршка во крвната циркулација, споредено со конвенционалните форми на витамин Ц.

Дополнително производот Ester-C® PLUS содржи комплекс од цитрусни биофлавоноиди, шипинка, ацерола и рутин, состојки со антиоксидативни карактеристики кои дополнително ја помагаат борбата против слободните радикали во организмот.

Ги обезбедува сите здравствени придобивки на овој премиум витамин Ц, во форма на растителна капсула придонесувајќи за:

  • Апсорпција на железо
  • Нормална функција на имунолошкиот систем
  • Нормално формирање колаген за нормална функција на коските, кожата
  • Заштита од оксидативен стрес
  • Намалување на замор и исцрпеност

Пакување: 50 растителни капсули

Состав:

Секоја растителна капсула содржи:                                                   

    %ПДВ*
Витамин Ц (како Ester-C®, калциум Л-аскорбат) 500 мг 625
Обвивка на растителната капсула:  хидроксипропилметил целулоза    
Средство против стврднување: растителен магнезиум стеарат, силикон диоксид    
Комплекс од цитрусни биофлавоноиди 25 мг  
Шипинка (Rosa canina) прашок  10 мг  
Ацерола (Malpighia glabra) Екстракт од плод во прашок (4:1)   10 мг  
Рутин     5 мг  

*препорачано дневно внесување

Производот не содржи: додадени шеќери, сол и скроб, не содржи глутен, пченица, млечни производи, соја, квасец, конзерванси, засладувачи, вештачки ароми или бои
Погодно за вегани.
Употреба: За возрасни земете по една (1) до три (3) растителни капсули дневно, по можност со оброк или како што Ви препорачал Вашиот лекар.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се