GALENIKA Бедоксин 20 мг, 20 таблети

Galenika Bedoxin 20 tablets
GALENIKA Бедоксин 20 мг, 20 таблети
99,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Категорија
Бренд
Шифра
006381C
favorite_border

Опис на производот

Galenika Бедоксин

  • Активна состојка на таблетите Бедоксин е пиридоксин хидрохлорид, кој е витамин Б6. Има значителна улога во метаболизмот, првенствено на аминокиселините, но и јаглехидратите и мастите, како и при создавањето на хемоглобинот
  • Се користи кога постои недостаток на витаминот Б6 во организмот и за лекување на идиопатски сидеробластни анемии, состојба во која црвените крвни зрнца неправилно се формираат
  • Пиридоксинот исто така може да се користи во лекувањето на оштетените нерви (периферен невритис) предизвикан од употребата на лекот изониазид кој се користи при лекување на туберколоза
  • Лекот не се препорачува за употреба кај деца под 12 години

Пакување: 20 таблети.

Содржина

Состав: една таблета содржи:

Пиридоксин хидрохлорид 20 мг

Помошна состојка: лактоза монохидрат

Употреба:

  • Недостаток на витаминот Б6 во организмот:

Возрасни и деца над 12 години: 20 до 50 мг дневно, до три пати дневно.

  • Идиопатска сидеробластна анемија:

Возрасни и деца над 12 години: 100 до 400 мг дневно, поделено во неколку дози.

  • Периферен невритис кој е предизвикан од употребата на лекот изониазид:

Возрасни и деца над 12 години: 50 мг, три пати дневно.

Предупредување: не смеете да го користите ако сте алергични на пиридоксин хидрохлорид или на било која друга супстанца која влегува во состав на таблетата (да се види листа на помошни супстанци). Земајте го во доза која Ви ја препишал лекарот. Долготрајната употреба на големи дози може да доведе до неуролошки несакани дејства. Треба да го известите својот лекар ако сте бремени, ако планирате да забремените или ако сакате да доите додека го користите овој лек. Во случај на нетолеранција на некои од шеќерите, обратете се на својот лекар пред да го употребите овој лек. Ве молиме да го информирате Вашиот лекар или фармацевт ако земате, или ако неодамна сте земале било кој друг лек, дури и оние кои не се на лекарски рецепт. Истовременото земање на други лекови со Bedoxin/ Бедоксин таблетите може да го промени нивното дејство, како и дејството на Bedoxin/ Бедоксин. Ве молиме да проверите со својот лекар дали ги земате некој од следните лекови (или било кои други): лево-допа, лек кој се користи во терапијата за Паркинсонова болест, изониазид, кој се користи во лекувањето на туберкулоза, орални контрацептиви, пенициламин, кој се користи во лекувањето на артритис и други состојби, хидралазин (лек за намалување на високиот крвен притисок). Големите дози на пиридоксин можат да ја намалат концентрацијата во серумот на некои лекови кои се користат во лекувањето на епилепсијата (фенобарбитон и фенитоин). Ако имате било каков сомнеж во врска со земањето на овој лек, посоветувајте се со својот лекар пред да го употребите. Строго придржувајте се кон упатствата на лекарот. Дозите не смеете да ги менувате или лекувањето да го прекинувате без да се посоветувате со лекар. Вашиот лекар ќе ја одреди дозата на лекот која е најдобра за Вас. Секогаш земајте го лекот точно онака како Ви препорачал лекарот и следете го секое посебно упатство и предупредување наведено на пакувањето. Доколку симптомите на Вашата болест се влошуваат или не доаѓа до подобрување, контактирајте лекар. Ако не сте сосема сигурни, проверете со својот лекар или фармацевт. Доколку не Ви се каже поинаку, проголтајте ја таблетата со чаша вода. Не е препорачана употреба кај децата под 12 години. Ако Вашиот доктор се одлучи за терапија со пиридоксин, тој ќе ви ја одреди дозата према телесната тежина на детето. Обично се почнува со 4 милиграми не секој килограм телесна тежина. Ако имате впечаток дека лекот Bedoxin/ Бедоксин премногу слабо или премногу јако делува на Вас, разговарајте со својот лекар или фармацевт. Ако сте земале / употребиле поголема доза од Bedoxin/ Бедоксин отколку што треба, веднаш треба да се посоветувате со Вашиот лекар или фармацевт. Ако случајно сте земале премногу од Bedoxin/ Бедоксин обратете се на Вашиот лекар или фармацевт или одете во најблиската здравствена установа. Секогаш со себе земете ја кутијата со лекот и упатството, без оглед на тоа дали во кутијата има уште од лекот или не, како би ја покажале на лекарот или фармацевтот. Ако сте заборавиле да ја земете дозата од лекот, земете ја веднаш кога ќе се сетите. Ако наближува времето за следната доза, тогаш не ја земајте пропуштената. Употребувајте го лекот онолку долго колку Ви е препишано. Не ја прекинувајте терапијата без консултација со лекар. Да се чува надвор од дофат и видокруг на деца. Да се чува на температура до 25°C, во оргиналното пакување, поради заштита од светлина и влага.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се