GSK Волтарен емулгел 1%, 50 г
Опис на производот
Волтарен емулгел е наменет за ослободување од болка и намалување на воспаление и оток, при болни состојби кои ги зафаќаат зглобовите и мускулите.
Волтарен емулгел се употребува за третман на:
- Повреди на мускули и зглобови (прекумерно свиткување, истегнување, болки во грбот, спортски повреди)
- Остеоартритис
Пакување: 50 г
Содржина
Состав: активна супстанца е диклофенак диетиламин, 1г гел содржи 11,6 мг диклофенак диетиламин.
Помошни супстанции: карбомер, макрогол цетостеарил етер, кокоил каприлокапрат, диетиламин, изопропил алкохол, пропилен гликол, течен парафин, мирисна крема 45, прочистена вода.
Начин на употреба: внимателно истиснете мала количина гел од тубата, нанесете на кожата каде имате болка или оток 3 до 4 пати на ден, и нежно втријте. По нанесувањето може да почувствувате ефект на ладење.
Не нанесувајте од гелот на рани, посекотини или други површини каде кожата е оштетена.
Бременост и доење: Волтарен емулгел не смее да се употребува во последните 3 месеци од бременоста.
За време на доење може да се користи само по медицинска препорака.