MARNYS Есенцијално масло од рузмарин, 15 мл
Опис на производот
MARNYS® Rosemary (Rosmarinus officinalis) Есенцијално масло од рузмарин. Рузмаринот е добиен со дестилација на пареа и не е денатуриран или мешан со други масла, што ги обезбедува својствата на есенцијалното масло
- 100% чисто и природно
Арома
- 1.8 цинеол
Главни карактеристики
- Традиционално се упоребува во хербологијата, каде што главно се користи за комфор на дигестивниот систем
- Есенцијалното масло од рузмарин го поттикнува растот на косата кај луѓе кои се соочиле со проретчување на косата. Во студија која траела 6 месеци, утврдено е дека рузмаринот е многу ефикасен врз коренот на влакното, при локална употреба. Есенцијалното масло од рузмарин е многу корисно за раст и опоравување на косата. Потребно е да се нанесе на темето и да се остави да делува неколку часа или пак преку целата ноќ. Потоа, косата се измива со млака вода и со шампон кој инаку го користите.
- Маслото од рузмарин помага при симптоми на менопауза. Тука секако спаѓаат и проблемите со спиење. Ова масло може да доведе до рамнотежа на хормоните, а една студија покажа дека рузмаринот може да ја зголеми способноста на јетрата да го метаболизира естрогенот.
- Може да го намали стресот. Стресот е причина за многу болести. Да би се ослободиле од стресот, треба целосно да го промените начинот на живот, исхраната и навиките. Есенцијалното масло од рузмарин може многу да помогне во ублажување на стресот. При истражувања на оваа тема, увидено е дека при вдишување на маслото, се доведува до антиоксидативни активности и намалување на нивото на кортизол, кое е поврзано со зголемениот стрес.
- Може да помогне при намалување на болката. Како средство против болка, се покажало дека есенцијалното масло од рузмарин кога се користи самостојно, но и во комбинација со други аналгетици, значително ја намалува болката. Исто така, потенцијално е корисно за одредување на видот на болката кај луѓе со дијабет, намалување на менструалните грчеви и крварења и намалување на болката поврзана со остеоартритис.
Кулинарна активност: Неговата традиционална употреба во гастрономијата е многу широка. Маслото се користи во храна, во многу рецепти и препарати за ароматизирање на риба, месо, чаеви, супи, зеленчук, мешунки, ориз, сирење, сосови, леб или салати. Многу сочна вкусна торта, идеална да се понуди како мезе, е колачот со шунка и сирење, направен со: брашно, јајца, маслиново масло, млеко, рендано сирење ементал или гауда, шунка, суви домати, прашок за пециво, црн пипер, сол и рузмарин.
Пакување: 15 мл.
Содржина
Состојки: есенцијално масло од цвет на рузмарин (Rosmarinus officinalis).
Начин на употреба: секогаш разредно, 1-2 капки, во 250 г сок, чај, салата итн. Максимум 3 пати дневно.
Мерки на претпазливост: Да не се надминува препорачаната дневна доза. Да се чува на темно и суво место, подалеку од извори на светлина. Да се чува на места недостапни за деца. Пакувано во заштитена атмосфера. Погодно за употреба во храна.