MEDISIGN MM1100 Апарат за мерење гликемија (шеќер во крвта) + гратис 50 тест ленти за гликемија

Medesign MM1100 Blood Glucose Monitoring System aparat za merenje glikemija, seker vo krvta
MEDISIGN MM1100 Апарат за мерење гликемија (шеќер во крвта) + гратис 50 тест ленти за гликемија
899,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
023406C
favorite_border

Опис на производот

MEDISIGN MM1100 Систем за мерење на гликемија (шеќер во крвта) - СЕ 0123 + Тест ленти за гликемија, 50 парчиња гратис

  • Со уред за исфрлање на тест лентите 
  • Без систем за кодирање - едноставно тестирање
  • Мала количина на крв
  • 5 секунди - брзо тестирање

Сетот содржи:

MM1100 уред за мерење на шеќер во крв

  • 10 тест ленти
  • 3-волтна литиумска батерија (CR2032)
  • Компактна торбичка за носење
  • Пенкало за боцкање
  • 10 ланцети 

Тест ленти за мерење на шеќер во крв - МЅ-2 (50 парчиња)

  • IVD Ин витро дијагностичко медицинско средство
  • Неменети за само-тестирање
     

Пакување: 1 систем за мерење гликемија + 50 тест ленти за гликемија

Содржина

Medisign MM1100 Системот за мерење на шеќер во крв е наменет за квантитативно одредување на концентрацијата на глукоза во капиларна полна крв земена од прст или алтернативно од дланка и подлактица од страна на самите пациенти со дијабет или од страна на здравствените работници кои му помагаат на пациентот во справување со дијабет.

Наменет е за надворешна употреба (ин витро дијагностичко средство) и не е наменет за дијагностицирање или скрининг на дијабет, ниту пак за употреба кај новороденчиња или користење на артериска крв. Алтернативниот начин на тестирање (земена капиларна крв од дланка или подлактица) со овој систем може да се користи само во услови на стабилно ниво на глукоза во крвта.

Medisign MМ1100 Системот за мерење на шеќер во крв не претставува замена за тестирањата кои ги врши Вашиот лекар. Сепак треба да го информирате Вашиот лекар за резултатите од тестирањето со Medisign MM1100 Системот за мерење на шеќер во крв.

ВНИМАНИЕ

Medisign MM1100 Системот за мерење на шеќер во крв може да користи само Medisign MS-2 тест ленти
 

Употреба и чување:

  • Пред употреба на системот, оставете го околу 20 минути на температура од 10-40°С
  • Да се чува на ладно и суво место на температура од 4-30°С
  • Тестирањето треба да се врши во затворена просторија за да се обезбедат соодветни резултати
  • Заштитете го отворот за инертирање на тест лентите од прашина и надворешни влијанија, со цел да се избегне нивно влијание на работата на уредот
  • Никогаш немојте да го расклопувате или поправате системот. Користете го системот согласно инструкциите на производителот
  • Немојте да го чувате системот во близина на уреди со електромагнетно зрачење (на пример телевизор, микробранова печка, мобилни телефони)
  • Во тек на употребата внимавајте на системот да не му влијаат други уреди
  • Да се чува на места заштитени од директна сончева светлина и влага
  • Користете мека памучна крпа за бришење на системот
  • Никогаш немојте да користите корозивни средства (пример бензин, ацетон) при чистење на уредот

Информации за тест лентите

  • Користете ја тест лентата веднаш откако ќе ја извадите од шишенцето. По употреба добро затворете го шишенцето со тест ленти
  • Не ги допирајте лентите со влажни и нечисти раце
  • Никогаш немојте да употребувате тест ленти со истечен рок на употреба. Тест ленти со истечен рок на употреба може да дадат погрешни резултати
  • Никогаш не ја употребувајте тест лентата повторно, ниту после тестирање со крв ниту после тестирање со контролен раствор. MS-2 тест лентите се само за еднократна употреба
  • Производот не се препорачува за употреба кај бремени жани, новороденчиња или при состојби на тешка дехидратација
  • Пред тестирање осигурајте се дека код бројот на екранот на уредот одговара на код бројот наведен на шишенцето со тест ленти
  • Пред употреба проверете ги мерните единици за глукоза на екранот на уредот
  • Чувајте ги тест лентите во добро затворено шишенце на ладно и суво место на температура од 4-30°С
  • Чувајте ги тест лентите заштитени од директна сончева светлина и топлина. Да не се замрзнуваат
  • Тест лентите се чуваат во оригинално пакување. Ако капачето не е добро затворено немојте да ги користите тест лентите

Безбедносни информации

  • Пред употреба Ве молиме прочитајте го внимателно упатството за употреба
  • При употреба, температурата на уредот и на тест лентите треба да биде иста
  • За постигнување на најдобри резултати, пред употреба на системот, оставете го околу 20 минути на температура од 10-40°C
  • Чувајте го уредот, пенкалото за боцкање, ланцетите и контролниот раствор на места недостапни за деца
  • Тест лентите се наменети за надворешна употреба
  • Да не се голтаат
  • Редовно чистете го и дезинфицирајте го уредот
  • Никогаш не ја употребувајте тест лентата повторно
  • Внимателно отстранувајте го отпадот од искористените тест ленти и ланцети
  • Системот може да се користи на надморска височина до 3500 м
  • Не смеете да ги користите пенкалото за боцкање и ланцетите заедно со други пациенти
  • Не ја оставајте ланцетата во уредот после употребата. Искористените ланцети отстранете ги во согласност со процедурите за отстранување на медицински отпад
  • Секогаш чувајте го уредот, тест лентите, контролниот раствор, пенкалото за боцкање и ланцетите на места недостапни за деца
  • По употреба темелно измијте ги рацете со сапун и вода
  • Мерењата од алтернативниот начин на тестирање никогаш не смеат да се користат за одредување на дозите на инсулин

ЗАБЕЛЕШКА

Секогаш кога го вклучувате уредот со вметнување на тест лентата, уредот извршува неколку само-проверки за да се потврди дека уредот работи коректно.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се