ROCHE Accu-Chek Инстант траки за шеќер, 50 тест ленти

ACCU-CHEK Instant 50 test strips instant traki za glikemija seker dijabeticar
ROCHE Accu-Chek Инстант траки за шеќер, 50 тест ленти
1.150,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
053524C
favorite_border

Опис на производот

Accu-Chek Instant тест лентите со Accu-Chek Instant глукометарот се наменети за квантитативно мерење на гликозата во свежо земена полна капиларна крв од прстот, дланката, подлактицата или надлактицата како помош при ефективна контрола на гликоза во крвта.

Accu-Chek Instant тест лентите со Accu-Chek Instant и Accu-Chek Instant S глукометрите се наменети за ин-витро дијагностичка самоконтрола на лица со дијабетес.

Accu-Chek Instant тест лентите со Accu-Chek Instant и Accu-Chek Instant S глукометрите се наменети за ин-витро дијагностичка примена на стручни медицински лица во клинички услови. Тестирањето на венска, артериска и крв од новороденчиња им е дозволено само на стручни медицински лица. Овој систем не е наменет за дијагностицирање на дијабетес мелитус, ниту за мерење со помош на примероци од крв земени од папочната врвца на новороденчињата.

Пакување: 50 тест ленти

Чување и ракување со тест лентите

  • Чувајте ги тест лентите на температури меѓу 4 и 30°C. Не замрзнувајте ги тест лентите
  • Користете ги тест лентите на температури меѓу 4 и 45°C
  • Користете ги тест лентите при влажност на воздухот меѓу 10 и 90%. Не чувајте ги на многу топли и влажни места како бања или кујна
  • Чувајте ги неискористените тест ленти во оригиналното кутивче со затворено капаче
  • Цврсто затворете го кутивчето веднаш по вадење на тест лента заради заштита од влага
  • Употребете ја тест лентата веднаш по вадење од кутивчето
  • Фрлете ги тест лентите ако им поминал рокот на употреба. Лентите со поминат рок може да дадат неточни резултати. Рокот на употреба е означен на пакувањето и на етикетата на кутивчето со лентите до симболот. Лентите може да се користат до означениот рок на употреба, доколку правилно се чуваат и се користат. Ова важи за ленти од ново, неотворено кутивче и за ленти од кутивче кое е веќе отворено

Ако резултатот на гликоза во крвта не се поклопува со тоа како се чувствувате, следете ги овие чекори:

  • Повторете го мерењето на гликоза во крвта со нова тест лента
  • Извршете контролно мерење како што е опишано во прирачникот за употреба
  • Ако вашите симптоми сé уште не одговараат на резултатите за гликоза во крвта, контактирајте со вашиот лекар
  • Никогаш не игнорирајте ги симптомите и не правете значајни промени во вашата програма за контрола на гликозата без да разговарате со вашиот лекар

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се