ROZA KANINA Еликсир од диви јаболка 500 мл
Опис на производот
Еликсирот од диви јаболки поволно влијае на целокупното здравје при правилна употреба како на пример за слабеење, нормализација на вредностите на ензимите, улцерации на стомакот и цревата, ги чисти крвните садови од наслаги и замастувања.
Пакување: 500 мл
Содржина
Состав: јаболкова киселина, винска киселина, овошни киселини, лимонска киселина, етерично масло и амилни естери од оцетна, мравја и капронска киселина, пектини и траги од овошни шеќери.
Витамини: Ц, Б1, Б2, А.
Минерали: калиум, калциум, фосфор, железо и други.
Постапка: добиено по пат на природна екстракција и ферментација од диви јаболка (Pirus silvestrus mill) без никакви додатоци, 100% природно.
Употреба: за мали деца од 2 до 13 години, 2-3 пати на ден по едно кафено лажиче растворено со 70-100 мл вода и мало количество на мед, пред јадење.
За возрасни 4-5 пати на ден по една супена лажица растворено со 100 мл вода и мало количество на мед, пред јадење. Се зема најмалкун 14 дена без прекин, доколку е потребно може и подолго.
Производот ја менува бојата под дејство на светлина и кислород, но не и квалитетот.
Не смее да се употребува при бременост и доење.