SATTWA Балсам против целулит, 1000 мл
Опис на производот
Висококвалитетна формулација која во себе содржи активни материи насочени директно кон отстранување на причините за појава на целулит: намалена циркулација и намален одлив на течности и маснотии.
Во производот се вградени следниве активни материи:
- Екстракт од бршлен - во својот состав содржи сапонини и биофлавоноиди. Сапонините ја зголемуваат пропустливоста на клеточните ѕидови, а биофлавоноидите пак, ја подобруваат крвната циркулација и еластичноста на масното ткиво. На овој начин се зголемува приливот на хранливи материи и на кислород и одливот на непотребните, и сталожени маснотии и течности
- Кофеин - во себе содржи пурински бази кои го зголемуваат исфрлањето маснотии и вода од организмот, а истовремено дејствуваат и на разградувањето на нерастворливиот тип маснотии во клетките
- Етил никотинат - ја подобрува циркулацијата со што се постигнува зголемување на дотурот на хранливи материи и кислород во масното ткиво
Со редовна и правилна употреба помага во спречување на појава на нови наслаги на критичните делови од телото а истовремено и во намалување на веќе настанатите наслаги од целулит.
Пакување: 1000 мл.
Содржина
Начин на употреба на Sattwa балсамот: балсамот се нанесува обично навечер, по туширање, со благо втривање во кожата. Sattwa балсамот против целулит дејствува и кога телото мирува. Амбалажата е специјално приспособена на типот на препаратот и овозможува лесно дозирање.
Едно е факт: целулитот не може да се отстрани само со регулирана исхрана и вежби, туку неопходна е и употреба на квалитетен козметички производ.
Sattwa балсамот против целулит во себе ги содржи сите карактеристики на висококвалитетен препарат кој дејствува директно и ефикасно при отстранување на целулитот. Потврда за неговото дејствување е и благата топлина, печење и црвенило кои се јавуваат на кожата по втривање на балсамот. Овие појави се нормални, а резултат се на интензивното дејствување на активните материи кои влегуваат во составот на овој производ.