SENSILIS Foot Care Салекс фластер за жуљеви и волчји очи, 3 фластери

Опис на производот
Салекс фластер за отстранување на жуљеви и волчји очи.
Пакување: 3 фластери
Содржина
Состав: салицилна киселина, бел восок, ланолин.
Начин на употреба: површината каде што се наоѓа жуљот или волчјото око треба да се измие и добро да се исуши. Потоа фластерот се лепи внимателно така да пастата допира директно на местото, и нема контакт со здрава кожа. Фластерот се остава да стои 2-3 дена. Доколку е потребно по третиот ден постапката се повторува. Не треба да се употребува во континуитет подолго од 14 дена.
Само за надворешна употреба.
Предупредување: Салекс фластерот не смее да се употребува на иритирана, воспалена или инфицирана кожа, како и кај лица со дијабет.
Се препорачува бремени жени, доилки и деца до 12 години, пред употреба да се консултираат со лекар.