SYNERGY Витамин Д3 2000 ИЕ, 30 капсули
Опис на производот
- Поддршка на имунитетот и одржување на коските, мускулите и забите
Витамин Д3 (холекалциферол) е природна форма на витамин Д за човековото тело и спаѓа во групата на витамини растворливи во масти. Придонесува за нормална апсорпција и искористување на калциумот и на фосфорот. Ја подобрува коскената минерализација, помага во формирање на скелетот и забите кај децата, го зајакнува процесот на оксидација, неопходен е за нормално функционрање на паратироидната жлезда. Тој има улога во многу невролошки и клеточни функции за кои е потребен калциум а учествува и во продукција на моноцити.
Витамин Д3 и калциум помагаат во намалување на загубата на коскени материјали кај жени во пост-менопауза. Ниска коскена минерална густина е ризик фактор за остеопоротични коскени фрактури.
Витамин Д3 се препорачува при:
- Профилакса на рахитис и остеомалација предизвикани од дефицит на витамин Д3
- Профилакса кај постоечки ризик за заболување предизвикано од дефицит на витамин Д3
- Нормална функција на имунолошкиот систем,
- Нормална мускулна функција
- Здрав раст и здрав развој на децата
Пакување: 30 капсули
Содржина
Состав: содржи 2000 ИЕ витамин Д3 од природно потекло.