CANPOL Некапечка спортска чаша со жлеб и цевка (12+ месеци) 350 мл

CANPOL Некапечка спортска чаша со жлеб и цевка (12+ месеци) 350 мл
257,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
029812C
favorite_border

Во моментов услугата за достава е достапна само во град Скопје

Опис на производот

Некапечка спортска чаша со силиконска цевка (350 мл)

  • Наменето за деца од 12+ месеци
  • BPA FREE (Не содржат Бисфенол А)

Пакување: чаша од 350 мл

Содржина

Состав: полипропилен, полиетилен, силикон.

Начин на употреба: Практична и шарена спортска чаша опремена со силиконска цевка. Наменета за деца кои имаат развиено способност да пијат сами.

  • Идеална за прошетки и патувања

Меката силиконска цевка не ги иритира чувствителните непца и запчиња. Вградената мембрана го спречува истекувањето. Протокот на течности е овозможен само кога детето цица од цевката.

Во зависност од силата на цицање, протокот е повеќе или помалку интензивен.

Кога детето не цица од цевката, мембраната е затворена и на тој начин се спречува истекувањето. Силиконската цевка е поврзана со пластичен продолжеток, кој завршува на дното на чашата и го олеснува празнењето. Чашата е направена од безбедна, мека пластика, отпорна на удари. Капакот ја штити цевката од нечистотија кога чашата не се користи.

Начин на одржување: Одржувајте ја чашата чиста. Пред првата и по секоја употреба измијте ги сите делови во топла вода со благ детергент, а потоа исплакнете ги темелно. Да не се вријат. Густата храна, на пример, храна со парченца овошје, може да ја затне цевката од кое детето пие.

Предупредување: Секогаш користете го овој производ под надзор на возрасни.
Континуираното и продолжено цицање на течности може да  предизвика расипување на забите.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се