MEDITRINA Наватак гино, 30 таблети

Meditrina Navatac
MEDITRINA Наватак гино, 30 таблети
719,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Категорија
Бренд
Шифра
049316C
favorite_border

Опис на производот

Meditrina Navatac gyno® е граничен производ кој може да се употребува за справување со мачнина, повраќање, горушица и киселински рефлукс.

Navatac gyno® е граничен производ кој содржи витамин Б6 (пиридоксин), екстракт од ѓумбир, екстракт од артичока, алгинска киселина, калциум карбонат и калиум бикарбонат.

Пакување: 30 таблети.

Мачнина и повраќање се јавуваат кај голем број жени во раната бременост. До 85% од жените може да имаат мачнина и повраќање во првиот триместар од бременоста. Најчесто симптомите се повлекуваат пред петтиот гестациски месец. Вистинската причина за мачнината и повраќањето останува необјаснета и веројатно се должи на повеќе фактори. Мачнината и повраќањето во бременост можат ефикасно да се третираат со лекови познати како антиеметици. Сепак, многу жени внимаваат во врска со употребата на лекови, плашејќи се да не го оштетат фетусот, особено поради тоа што мачнината и повраќањето најчесто се појавуваат во текот на чувствителниот период од органогенезата на ембрионот. Поради тоа, употребата на не-медицински лекови и билни екстракти за време на бременоста е многу распространета.

  • Администрацијата на витамин Б6 е ефикасен првичен третман при мачнина предизвикана од бременост. Испитувањата покажуваат дека употребата на витамин Б6 при мачнина и повраќање предизвикани од бременост значително ги намалува симптомите 
  • Ѓумбир (Ginger, Zingiber officinale) Уште од старите времиња ѓумбирот се користел како билен лек за третман на повеќето примарни гастроинтестинални заболувања како на пример мачнина, повраќање, дијареја и диспепсија. Дејството на ѓумбирот при мачнина и повраќање во бременост се должи на активните состојки наречени џинџероли. Концентрацијата на џинџероли во даден екстракт од ѓумбир е клучна за неговата ефикасност. Како дополнение на антиеметските карактеристики, ѓумбирот делува на гастроинтестиналниот тракт со зголемување на гастричниот тонус, подвижност и празнење. Употребата на ѓумбир при третман на мачнина и повраќање предизвикани од бременост се смета безбедна и за мајката и за фетусот.
  • Артичока (Artichoke, Cynara scolymus) Екстрактот од артичока се употребувал во традиционалната европска медицина уште од античко време за третман на гастроинтестинални нарушувања како варење, горушица, гадење, надуеност и гасови. Екстрактот од артичока исто така се користи за поттикнување на лачење на жолчката и следствено на тоа варење на масти. Дејството на артичоката врз дигестивниот систем се должи на активните компоненти наречени хлорогени киселини. Концентрацијата на хлорогени киселини во даден екстракт од артичока е клучна за неговата ефикасност. Ефектите на екстрактот од артичока врз диспепсија и гастроинтестинални проблеми се испитувани во многу клинички испитувањa. 

Горушица и киселински рефлукс се вообичаени нарушувања кај бремени жени. Се проценува дека преваленцата на горушица и киселински рефлукс во бременост е од 40% до 85%. Се смета  дека комбинација од наследни фактори играат важна улога за започнување на гастроезофагеален рефлукс во бременост: намален притисок на долниот езофагеален сфинктер, промена во гастроинтестиналниот транзит поради хормонални промени и зголемен интра-гастричен и интра-абдоминален притисок како дополнение на зголемената матка.

  • Алгинска киселина (Alginic acid)/ Калциум карбонат (Calcium carbonate)/ Калиум бикарбонат (Potassium bicarbonate): Алгинската киселина е добиена од екстракт од морски алги. Алгинската киселина е 100% природен производ, нетоксична и безбедна за човечка употреба. Широко се користи за подобрување на карактеристиките на храната. Алгинска киселина ги апсорбира гастричните течности со кои доаѓаат во контакт и брзо набабрува создавајќи гел- кој лебди на содржината на желудникот. Алкализирачките компоненти (калциум карбонат и калиум бикарбонат) остануваат заробени во алгинскиот слој и имаат само мал ефект врз киселоста на желудечниот сок на желудникот. Слојот од гел помага во спречување на рефлукс на гастричните сокови во хранопроводот. Алгинскиот слој-гел влегува во хранопроводот пред гастричните сокови. Гелот го премачкува и штити хранопроводот, неутрализирајќи го иритирачкиот ефект на течностите на гастричниот рефлукс. Апсорпцијата на алгинска киселина е незначителна. Не влегува во системската циркулација. Нејзиното дејство е локално за желудникот и хранопроводот. Поради физичкиот начин на дејствување и долгорочното искуство, алгинската киселина се смета безбедна за употреба во бременост.

Содржина

Состав: Супстанции со физиолошко дејство: секоја таблета Наватак гино® содржи 10 мг витамин Б6 (пиридоксин, 714% RDA), 20 мг екстракт од ѓумбир (титриран на >25% џинџероли), 150 мг екстракт од артичока (титриран на >20% хлорогени киселини), 250 мг алгинска киселина, 50 мг калциум карбонат и 50 мг калиум бикарбонат.

Ексципиенси: микрокристална целулоза, аморфен силициум диоксид, магнезиум стеарат. Обвивка: хидроксипропил метил целулоза (Е464), талк (Е553Б), титаниум диоксид (Е171), полиетилен гликол (Е1521).

Дозирање: земајте една таблета после оброк. Употребувајте најмногу 2 таблети на ден.

Мерки на претпазливост: Не го употребувајте NAVATAC gyno доколку сте алергични или не толерирате некоја од помошните состојки на граничниот производ. NAVATAC gyno® треба да се употребува заедно со правилна или соодветно балансирана исхрана. Не ја надминувајте максималната дневна доза. Доколку употребувате лекови со рецепта или без рецепта, консултирајте се со Вашиот доктор пред да го земете NAVATAC gyno®. Доколку сте бремена или доите, консултирајте се со Вашиот доктор во врска со овој граничен производ пред да го употребите. Чувајте го подалеку од дофат на деца. Чувајте го на ладно и суво место. 

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се