NOW Л-аргинин 500 мг, 100 капсули

NOW Л-аргинин 500 мг, 100 капсули
1.099,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
044302C
favorite_border

Опис на производот

L-Arginine е аминокиселина која игра важна улога во одржување и подобрување на Вашето здравје. Основата му е природна, работи како антиоксидант и кога се зема како и секој друг додаток на амино киселина нуди безброј здравствени придобивки.

L-Arginine го стимулира телото да произведе протеини и на тој начин се потврдува неговата употреба за подобра сперматогенеза (зголемување на производството на сперма) и подобро либидо.

L-Arginine претставува амино киселина која е важен претходник на азотниот оксид и на тој начин игра улога во дилатација на крвните садови.

  • Го намалува заморот и го стимулира растот на мускулите
  • Го зголемува производството на азотен оксид
  • Го поддржува имунолошкиот систем и сексуалното здравје

Пакување: 100 капсули

Содржина

Состав: една доза од 2 капсули содржи:

  • L-Arginine (слободна форма) 1 г (1000 мг)

Останати состојки: хипромелоза (целулозна капсула), силициум диоксид и стеаринска киселина (од растителен извор). Не е произведено со пченица, глутен, соја, млеко, јајца, риба, школки и јаткасти состојки. Произведено во GMP капацитет кој произведува други состојки кои ги содржат овие алергени.

Употреба: 2 капсули, 2 пати на ден. Земете меѓу оброците или пред спиење со минимум 240 мл вода или сок за да се олесни апсорпцијата.

  • Без ГМО
  • Кошер

Предупредување: само за возрасни. Не е за бремени жени и доилки. Консултирајте доктор ако земате лекови (особено антихипертензиви, антикоагуланти и антидиебетски лекови), имате некаква медицинска состојба (астма или бубрежно заболување) или планирате операција.

Овој додаток треба да го избегнуваат лица со глауком или херпес симплекс, освен ако не е поинаку пропишано од лекар. Не го користете доколку имате миокарден инфаркт или имате коронарна артериска болест.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се