VITALIA Сончогледово семе, 100 г
Опис на производот
Сончогледот содржи целулозни влакна, големо количество на витамин А, витамини од Б групата и витамин Е (50 мг /100 г) кој е добар антиоксиданс.
Од минерали содржат: калциум, фосфор, магнезиум, натриум, калиум и железо.
Во својот состав содржат: 64% полинезаситени масни киселини како што е линолната киселина (омега 6), кои се потребни за раст и обнова на клетките, заштита на организмот од холестерол со намалување и одстранување од артериите; 24% мононезаситени масни киселини кои помагаат да се зголеми добриот ХДЛ холестерол а да се намали лошиот ЛДЛ во крвта; 12% заситени масни киселини кои служат како извор на енергија.
Семето прелиено со вода се користи за подобрување на работата на бубрезите и ублажување на воспаленијата на мочните канали. Исто така овие семки се корисни и против кашлица и главоболка. Заедно со производите од соја можат да ги задоволат дневните потреби за протеини кај вегетаријанците.
Нето-тежина: 100 г.
Содржина
Употреба: сирови или сомелени сончогледовите семки на Виталиа можете да ги користите за појадок во оброк од житни снегулки или мусли. Додадете ги во билни зачини и употребете ги како прелив за пица и печени јадења. Целите семки можете да ги додадете како декорација во печивата.