ALKALOID Магнезиум 400 + Б-комплекс директ, 20 кесички
Опис на производот
Микрогранулите за директна примена MULTI ESSENCE Магнезиум 400 + Б комплекс ја обезбедуваат потребната количина магнезиум заедно со останатите Б-витамини, со цел да се задоволат зголемените потреби на организмот:
- Магнезиумот придонесува за нормална функција на нервниот систем, нормална мускулна функција, намалување на заморот и исцрпеноста, нормален електролитен баланс, нормална синтеза на протеини и нормална психолошка функција. Магнезиумот има улога во процесот на делба на клетките.
- Витаминот Б₁ придонесува за нормална функција на нервниот систем, нормална психолошка функција и нормална функција на срцето.
- Витаминот Б₂ придонесува за нормален метаболизам, создавање енергија, нормална функција на нервниот систем и заштита на клетките од оксидација.
- Витаминот Б₆ придонесува за нормален метаболизам, создавање енергија, нормална функција на нервниот и имунолошкиот систем, нормална психолошка функција, нормален метаболизам на протеините и гликогенот и за намалување на заморот и исцрпеноста.
- Витаминот Б₁₂ придонесува за нормална психолошка функција и намалување на заморот и исцрпеноста. Витаминот Б₁₂ има улога во процесот на делба на клетките.
Пакување: 20 кесички
Производител: произведено во Италија за Алкалоид АД Скопје
Содржина
Состав: една кесичка содржи:
%ПДВ* | ||
Магнезиум | 400 мг | 107 |
Витамин Б3 | 18 мг | 113 |
Пантотенска киселина | 18 мг | 300 |
Витамин Б2 | 4,2 мг | 300 |
Витамин Б6 | 4,2 мг | 300 |
Витамин Б1 | 3,3 мг | 300 |
Фолати | 600 мкг | 300 |
Биотин | 150 мкг | 300 |
Витамин Б12 | 7,5 мкг | 300 |
*препорачано дневно внесување
Состојки:
- засладувачи: сорбитол (од пченка или од пченица), сукралоза, натриум сахаринат
- регулатор на киселост: лимонска киселина
- ароми: грејпфрут, нане
- средств против згрутчување: силициум диокссид
Употреба: Еднаш дневно, по една кесичка, да се растопи директно во устата.
Предупредување: Да не се надминува препорачаната дневна доза. Производот не треба да се употребува како замена за разновидна исхрана. Прекумерна употреба може да доведе до појава на лаксативен ефект.