ALKALOID Прокулин софт раствор за леќи, 360 мл

Опис на производот
Повеќенаменски раствор наменет за чистење, за отстранување протеински депозити, за дезинфекција, за исплакнување, за чување на леќите, за полесно ставање на леќите и за навлажнување. За меки контактни леќи.
Растворот за меки контактни леќи Proculin Soft Lens содржи натриум хијалуронат којшто го подобрува навлажнувањето на леќите и овозможува подобра подносливост при нивно носење, како резултат на вискозно-еластичните особини. Растворот ги хидрира леќите како резултат на нивното „задржување на водата“ не само после ставањето туку и во текот на целиот ден. На тој начин овозможува удобност при носењето леќи и ја намалува иритацијата и сувоста на очите. Препорачано за чувствителни очи.
Пакување: 360 мл
Содржина
Состав: поликватерниум, хијалуронат, PHMB 0,0002 %.