BERLIN CHEMIE Простамол уно, 30 капсули
Опис на производот
Prostamol UNO е хербален лек за простатата (уролошки лек). Капсулите се користат во терапија на пореметување при уринирање (проблеми при празнење на уринарната бешика) при бенигно зголемување на простатата (бенигна хиперплазија на простатата) степен 1 и 2. Следните симптоми може да се појават ако страдате од бенигна хиперплазија на простатата:
- Потреба да уринирате често, посебно во текот на ноќта
- Слаб или испрекинат млаз на урина
- Капнување на урина по мокрењето
- Чувство на некомплетно празнење на уринарната бешика
- Болка при уринирање
- Пореметување во сексуалниот живот
Повеќето од овие симптоми се предизвикани од зголемената простата која притиска на мочните канали.
Екстрактот од пилеста палма олеснува:
- Потребата за често уринирање
- Слабиот и испрекинат млаз на урина
- Го намалува притисокот на мочната бешика
- Чувство дека не можете комплетно да ја испразните уринарната бешика.
Пред да почнете со лекувањето потребно е лекарот да постави дијагноза и да ги исклучи сериозните патолошки состојби.
Пакување: 30 меки капсули
Содржина
Состав: една капсула содржи:
Мек екстракт од плодот на мала тестераста палма (Serenoa repens (Bartram) small fructus) 320 мг
Употреба: една капсула дневно се зема секогаш во исто време.
Капсулата треба да се проголта со доволно течности после оброкот.