CANPOL Lovi Medical+ Шише со широко грло (3+ месеци) 250 мл

Canpol Babies Lovi anti colic Medical+ bottle 250 ml 21_562 sise so siroko grlo
CANPOL Lovi Medical+ Шише со широко грло (3+ месеци) 250 мл
381,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
029816C
favorite_border

Опис на производот

Canpol Babies Lovi Medical+ Шише со широко грло

  • Наменето за деца од 3+ месеци
  • BPA FREE (не содржи Бисфенол А)

Lovi шишињата се наменети за родителите кои сакаат активно да го подржат развојот на своето дете уште од првиот ден, да им помогнат да го разберат светот и да им помогнат да бидат независни. Исхраната на новороденчето е исклучително важна за неговото здравје и правилниот развој и не постои сомнеж дека мајчиното млеко и неговиот состав е најдобра храна за новороденчето.

Благодарение на патентираната, иновативна технологија на повеќеслоен тенок силикон, оваа динамична Lovi цуцла постојано ја менува својата форма во текот на хранењето, исто како и градата на мајката, преку проширување и скратување на должината во зависност од ритамот и интензитетот на цицање на бебето.

Патентираниот систем на внатрешни канали (врз основа на моделот на млечните канали во градите на жената) го регулира протокот на млеко и го стимулира бебето активно да цица. На тој начин помага при комбинирање на доење и хранење од шише.

Уникатната форма на шише не само што овозможува соодветен и лесен начин за држење, туку помага и шишето да се движи според ритамот на цицање на вашето бебе.

Lovi – придобивки за вашето бебе:

  • Активно хранење – динамичната цуцла и Lovi шишето се дизајнирани на таков начин да го “научат” бебето да цица активно за време на хранењето од шише, како што се случува и за време на доењето, кое за возврат стимулира правилен развој на устата на вашето бебе
  • Развој на говорот - според последните педијатриски истражувања, активното хранење ги стимулира мускулите кои се одговорни за развој на говорот. Динамичната Lovi цуцла овозможува активен тренинг на овие мускули, уште од првите денови од животот на вашето бебе
  • Здраво гризење – широка и лесна за фаќање основата на Lovi цуцлата функционира така што го поддржува соодветниот и природен развој на гризењето, и формира убава насмевка
  • Против колики – единствениот систем за испуштање на воздухот помага во спречување на коликите кај новороденчињата
  • Правилно дишење – Lovi цуцлите овозможуваат правилно позиционирање на усните на бебето, го учи бебето како правилно да дише преку нос

Пакување: 250 мл.

Содржина

Состав: полипропилен, полиетилен, силикон.

Lovi сетот вклучува: Lovi шише 250 мл, динамична силиконска цуцла наменета за 3+ месеци, мека плочка за запечатување, капаче за завртување – кога ќе се монтираат меката плочка за запечатување и капачето за завртување, шишето станува идеален сад за чување храна во ладилникот, при патувања или долги прошетки, капак со мерило (ова не се однесува на само-стерилизирани шишиња) – идеален за послужување мали количини на млеко, вода, лекови или било која друга храна. 

Начин на одржување: Пред првата употреба измијте ја цуцлата и шишето со користење на нежен детергент и топла вода, потоа темелно исплакнете и ставете ги во превриена вода 5 минути. Немојте да ги оставате во превриената вода подолго од препорачаното бидеjќи тоа може да го оштети производот. Не ги ставајте шишето и цуцлата во машина за миење садови бидејќи детегрентите можат да го оштетат производот. Не користите средства за дезинфекција или јаки детергенти. Производот не го вријте по секоја употреба (само измијте ја цуцлата и шишето со користење на нежен детергент и топла вода, потоа темелно исплакнете) и не го стерилизирајте. Не го изложувајте на сончеви зраци или други извори на топлина и не го ставајте во средство за дезинфекција повеќе отколку што е потребно бидејќи тоа може да ја омекне и оштети цуцлата. 

Предупредување: Прегледајте ја внимателно цуцлата и сите нејзини компоненети пред секоја употреба. Повлечете ја цуцлата во сите правци. Фрлете ја при првите знаци на оштетување или омекнување. Не го стегнувајте премногу капачето, инаку системот за испуштање на воздухот може да се расипе. Секогаш проверувајте во случај на протекување. Овошен сок или чај може да остават дамки на шишето/цуцлата, или да создадат бигор, но тоа не ги менува својствата на производот. Поради безбедносни и хигиенски причини заменете ја цуцлата по 2 месеци на употреба. Секогаш употребувајте го овој производ под надзор на возрасен. Не ја користете цуцлата како цуцла лажалка. Долготрајното цицање на засладени течности може да предизвика расипување на забите. Секогаш проверувајте ја температурата на течноста пред да му ја дадете на детето. Не ги зголемувајте дупките на цуцлата, ова може да предизвика нејзино оштетување или да создаде опасност од задушување. Производот не е играчка. Чувајте ги сите делови вон дофат на деца. Чувајте ги упатствата за идна употреба. 

 

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се