COLIEF Капки, 7 мл
Опис на производот
Colief® капките за новороденчиња ефикасно го намалуваат повеќечасовното плачење, на тој начин што се додаваат 4 капки во мајчиното или адаптираното млеко, при секој оброк на бебето.
Colief капките за новороденчиња – Капки со ензим лактаза:
- Ги смируваат грчевите
- Ја намалуваат напнатоста на стомакот
- Го олеснуваат искористувањето на јаглехидратите од млекото
- Помагаат во разградување на лактозата до галактоза и глукоза
- Влијаат пријатно на дигестивниот систем
- Го спречуваат создавањето на прекумерни гасови во цревата
- Нивото на издишен водород се намалува за 47.8%
- Го намалуваат времетраењето на плачењето
- Времето на плачење е скратено за 44.3%
Пакување: 7 мл
Прочитај повеќе
Важни информации за Colief® капките за новороденчиња:
- Капките дејствуваат ако се додадат на млекото, а не директно на бебето
- Најдобро дејствуваат на телесна температура
- По отворањето се чуваат во фрижидер
- Може да се употребуваат до 3 седмици по отворањето
- Немаат несакани и споредни ефекти
- Се дозираат според СЗО нормите за хранење на доенчиња, со додавање во секој млечен оброк
- При предозирање може да се забележи изразено лаксативно дејство
- Се произведуваат во Ирска од генетски немодифицирани производи, во согласност со GMP стандардите
- Се произведуваат од фермент од габички и не содржат растителни или животински продукти, конзерванси и бои
- Го содржат единствениот патентиран ензим за хумана употреба -лактаза
- Одобрени се од ACBS (Advisory Committee on Bordeline Substances) В.Бр
- Одобрени се од Асоцијацијата на британски педијатри
- Едно флаконче содржи 7 мл, 160 капки, доволни за 40 хранења
Содржина
Употреба:
- Доење:
Во 15 мл мајчино млеко се додаваат 4 капки Colief. Третираното млеко му се дава на бебето, а потоа се продолжува со вообичаено доење.
- Адаптирано млеко:
Оброкот приготвен според упатството на производителот, се третира со 4 капки Colief и после 30 минути се храни бебето. Храната мора да биде на температура на телото.
Ако е потребно храната да се приготви претходно, се додаваат 2 капки Colief и се чува во фрижидер, најмалку 4 часа, за да може ензимот да делува. Храната може да се употреби за најмногу 12 часа, при што пред употреба мора да се загрее на телесна температура.
Предупредување:
Остатоците од храната се фрлаат.
Капките содржат ензим лактаза, кој се уништува на висока температура.
Дневната доза за 7 хранења е 28 капки, а за 6 хранења е 24 капки – да не се пречекорува препорачаното дозирање.