DAIWA PHARMACEUTICAL CO БиоБран МГН-3, 250 мг, 50 таблети
Опис на производот
Претставува додаток во исхраната (функционална храна) добиен со разложување на оризовите влакна со помош на ензими од шитаке печурки. Биобран МГН – 3 содржи природна мешавина на хемицелулози, од кои најважен е арабиноксилан комплексот. Иако во процесот на производство се користат ензими од шитаке печурки, БиоБран МГН-3 како финален производ не содржи печурки и е безбеден за лица со алергија на печурки. Биобран МГН-3 претставува оригинален јапонски производ, произведен од страна на Daiwa Pharmaceutical Co.Ltd, во Токио.
BioBran MGN – 3 ја подобрува активноста на одбранбените клетки (НК кл., Т и Б лимфоцитите, макрофагите и др.) преку зголемување на продукцијата на цитокини (интерферони, интерлеукини и тумор некрозис фактор). Преку многубројни испитувања, докажано е дека БиоБран ја зголемува активноста на НК- клетките за 300% и повеќе, на Т и Б лимфоцитите за 200-250% и сето тоа без несакани ефекти.
Ефикасноста на БиоБран МГН-3 е потврдена во многубројни клинички испитувања во познати светски универзитети во САД, Европа и Јапонија.
Пакување: 50 таблети
Прочитај повеќе
BioBran MGN -3 е нетоксичен, глуконутритивен додаток во исхраната добиен со разложување на оризовите влакна со помош на ензими од Шитаке печурки и со над 50 базични и клинички стидии е докажано дека ја подобрува активноста на одбранбените клетки во организмот. Овој уникатен, патентиран MGN- 3 арабиноксилан комплекс е толку успешен во подобрувањето на активноста на имунолошкиот систем, што проф. M.Ghoneum од Drew University of Medicine and Science тврди: “Повеќе од 30 години истражувам имуномодулатори и BioBran MGN – 3 е еден од најмоќните имунолошки комплекси што сум ги тестирал досега.”
Ензимите и дигестивните сокови ја разложуваат храната што ја внесуваме во дигестивниот систем на помали состојки, за да можат потоа да се ресорбираат низ ѕидот на тенкото црево во крвотокот. Протеините се разградуваат на пептиди и аминокиселини, јаглехидратите на олигосахариди и декстроза (глукоза), додека мастите на глицерол и масни киселини. Растителните влакна, од друга страна пак, остануваат како нерастворливи и недигестирани само минуваат низ дигестивниот систем. Растителните влакна со помала молекуларна маса, сепак можат да се ресорбираат низ ѕидот на тенкото црево во циркулацијата. BioBran MGN – 3 целосно се ресорбира во тенкото црево и непроменет влегува во крвотокот каде што делува врз одбранбените клетки (НК кл., Т и Б лимфоцитите, макрофагите), односно ги активира.
BioBran MGN – 3 е оригинален јапонски производ, произведен од страна на Daiwa Pharmaceutical во Токио, која има развиено уникатен и патентиран процес при кој оризовите лушпи се парцијално хидролизирани, користејќи ензими од Шитаке печурки и при тој процес се добива природна мешавина од хемицелулози, од кои најважен е арабиноксилан комплексот или b – 1,4 xylophyronase hemicellulose. BioBran MGN – 3 содржи полисахариди со пократки синџири, што му овозможува на организмот полесно да ги ресорбира, без несакани или токсични ефекти. Иако во процесот на производство се користат ензими од печурки, крајниот производ не содржи печурки и е со таква чистота, што е безбеден за употреба од страна на лица со алергија или нетолеранција на печурки.
Содржина
Состав:
Биобран МГН- 3 250 арабиноксилан комплекс 250 мг во една таблета
Употреба:
Бидејќи во организмот не создава резистентност, овој додаток во исхраната може сосема безбедно и ефикасно да се користи подолг временски период, без потреба да се зголемува постепено дозата.
Се препорачува да се зема минимум 500 мг на ден, 30 минути после оброк, додека поголемите дози потребно е да се поделат на 3 дози (после појадок, ручек и вечера).
Препорачуваме да го известите Вашиот доктор доколку го користите овој суплемент, за да може истиот да се интегрира во Вашиот третман.