FREZYDERM Frezykeld Kрем за превенција, корегирање и измазнување на лузни, 40 мл

FREZYDERM Frezykeld Kрем за превенција, корегирање и измазнување на лузни, 40 мл
669,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
034255C
favorite_border

Опис на производот

  • Kрем за превенција, корегирање и измазнување на лузни
  • Дерматолошки тестирано
  • Не содржи парабени и бои
  • За надворешна употреба
  • Нежен крем со активни состојки (бакарни пептиди, екстракт од сини алги, таману масла, масло од шипинка) за промовирање на регенерација на ткивото и измазнување на кожата

Хипертрофичните лузни и келоидите се јавуваат често за време на процесот на обнова на ткивата и заздравување од трауми од различно потекло. И двете се предизвикани од хиперпродукција на сврзното ткиво и разликата меѓу нив е границата на раст. Хипертрофичните лузни остануваат во рамките на границите на иницијалната повреда додека келоидите се шират и кон здравата кожа. 
Формирањето лузни е засилено од општи фактори, како наследство, возраст, пол, хормонални или метаболички нарушувања и од локални фактори, како видот и длабочината на повредата, површината, микробиолошката контаминација итн. Вообичаените третмани се базирани на криотерапија, ампутација, ласерска терапија, компресија, инјекции на база на кортикостероиди или интерферон, топична употреба на специфични производи или комбинирани терапии. 
Новиот производ на Frezyderm - FrezyKeld - е формулиран за топичен третман на лузни предизвикани од трауми, хируршки интервенции, изгореници, несреќи, акни. 
Неговата активност се базира на избор на специјална состојки од напредна технологија. Бакарни пептиди, екстракт од сини алги, тропски растителни масла, витамии А и Е, екстракт од квасец и врбица.

  • Бакарни пептиди: го активираат отстранувањето на оштетеното ткиво и го поттикнуваат растот на здравиот епител
  • Металопротеиназата и антипротеазата ги чистат уништените протеини и го отстрануваат оштетеното ткиво
  • Екстракт од сини алги: содржи есенцијални амино киселини: лизин, пролин, метионин, серин, леуцин
  • Олигоелементите како бакар, хром, манган и железо го обновуваат уништеното и остареното ткиво
  • Таману масло: екстракт од светото дрво од Француска Полинезија, Calophyllum Imophyllum. Богато со есенцијални масни киселини, линоленска и линолна киселина, терпеноиди, стероидни и кумарински состојки, поседува исклучително хидратантно и регенеративно дејство
  • Масло од шипинка: екстракт од Rosa Rubiginosa. Збогатено со полинезаситени масни киселини, флавоноиди, танини и транс-ретиноична киселина. Со регенерирачки и корективни својства, ја регулира еластичноста и хидратацијата на кожата и синтезата на церамидите
  • FrezyKeld кремот содржи и витамини Е и А, екстракт од квасец за обновување на клетките и екстракт од врбица за намалување на иритацијата. Кремот е базиран на структурата од течни кристали, што гарантира продолжено ослободување на активните состојки врз кожата. Ефикасноста на активните состојки е докажана in vivo со мерење на параметрите на лузните, како нивната боја, должина и ширина, мазноста на површината, како и степенот на диференцијација со кожата околу лузната

Пакување: 40 мл

Содржина

Состав: вода, пантенол, масло од семе од шипинка, пропилен гликол, таману масло, ретинил палмитат, цетеарил алкохол, масло од сончогледово семе, сорбитол, диметикон, токоферил ацетат, арахидил алкохол, кокосово масло, екстракт од алга, екстракт од алое вера, екстракт од кромид, екстракт од врбица, екстракт од рузмарин, екстракт од азиска центела, токоферол, алантоин, натриум хиалуронат, сквалан, бакар трипептид-1, олигопептид-24, хидроксиетил акрилат/натриум акрилолдиметилтаурат кополимер, цетеарил глукозид, цитронелил метилкротонат, арахидил глукозид, бехенил алкохол, феноксиетанол, етилхексилглицерин, полисорбат 60, имидазолидинил уреа, парфем, бензил салицилат, цитронелол, кумарин, гераниол, д-лимонен, линалол. 

Употреба: Се нанесува на чиста и сува површина. Нанесете и масирајте нежно. 

FrezyKeld кремот може да се користи на два начина:

  • Спречување на процесот на формирање лузни: по заздравување на повредата, се нанесува кремот на и околу лузната 1-2 пати во текот на денот се до целосно заздравување.
  • Измазнување на стари лузни: лузни по операции, изгореници, повреди, исекотини бараат долготраен третман за да се отстрани создаденото сврзно ткиво и да се формира здрава кожа. Се нанесува 3-4 пати во текот на денот, наутро, напладне и навечер на чиста кожа во тек на најмалку 3-6 месеци.

Резултатите од подобрувањето се видливи по 6 недели, кои се однесуваат на намалување на должината и длабочината на лузните, измазнување на кожата и нормализација на бојата. Се препорачува да се започне со третманот колку што е можно побрзо по заздравувањето на раните.

Предупредување:

Да не се користи на отворени рани. Да се избегнува контакт со очи. 
После првото отварање да се користи до 12 месеци.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се