GALENIKA Олиговит кидс сируп, 100 мл

Galenika Oligovit Kids 100 ml
GALENIKA Олиговит кидс сируп, 100 мл
249,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
000954C
favorite_border

Опис на производот

Олиговит витамински сируп за деца - додаток на исхраната наменет пред се за најмладите, кај кои може да се јави зголемена потреба од витамини кои им овозможуваат здрав раст и развој.

Содржи девет витамини кои се потребни за непречено одвивање на разните метаболички и биохемиски процеси во организмот. Витаминот А е неопходен за видот, епитализацијата и развојот на коските. Витаминот Д е неопходен за метаболизмот на калциумот, со што се обезбедува раст на здрави заби и коски. Витаминот Е го заштитува организмот од слободните радикали и ја подобрува општата состојба на организмот. Витаминот Ц ја подобрува апсорпцијата на железото и учествува во голем број на оксидоредукциони процеси во организмот. Витамините Б1, Б2 и Б6, ниацинот и пантотенската киселина обезбедуваат нормално функционирање на нервниот систем, желудечно-цревниот систем и кожата.

Олиговит кидс се препорачува:

  • При недоволно внесување на витамини преку исхраната (неправилна, нередовна исхрана)
  • Како додаток на исхрана сиромашна со витамини во зимските месеци
  • Како додаток на исхрана при недостаток на апетит, премореност и наклонетост кон инфекции
  • Како додаток на исхрана при лекување со антибиотици
  • Како дополна на исхраната при рекреативните физички активности

Пакување: 100 мл.

Содржина

Состав:

  во 5 мл: %ПДД*
Витамин А (ретинил-палмитат) 220 мкг 28
Витамин Д (холекалциферол) 5 мкг 100
Витамин Е (DL-a-токоферолацетат) 3 мг 25
Витамин Б1 (тиамин хидрохлорид) 0.6 мг 55
Витамин Б2 (натриум рибофлавин-5-фосфат) 0.4 мг 29
Витамин Б6 (пиридоксин хидрохлорид) 0.3 мг 21
Пантотенска киселина (декспантенол) 2.5 мг 42
Ниацин (никотинамид) 6 мг 38
Витамин Ц (L-аскорбинска киселина) 30 мг 38

Употреба:

  • Деца од 3 до 6 години: еднаш дневно, една кафена лажичка
  • Деца над 6 години: еднаш дневно, две кафени лажички

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се