GALENIKA Пантенол 5% раствор 100 мл
Опис на производот
Декспантенол 5% раствор кој се препорачува за нега на кожа и слузокожа.
Декспантенол, активен принцип на Пантенол раствор, кој во организмот се претвора во пантотенска киселина. Активниот облик на пантотенската киселина во ткивата е коензимот А.
Коензим А е неопходен за метаболизмот на јагленихидрати, масти, белковини и детоксикација на некои продукти на метаболизмот. Овие процеси помагаат за зачувување на правилна функција на кожата и косата.
Пантенол растворот се препорачува:
- За нега на иритирана кожа и слузокожа
- За нега на кожа после сончање
- За нега на крута и тенка коса, недоволно пигментирана коса и коса без сјај
- За нега на третирана коса со фарбање, мини вал, сушење и фенирање
- Кај "цветање" на долга или козметички третирана коса
Пакување: 100 мл.
Содржина
Состав: вода, пантенол, натриум бензоат, натриум цитрат, лимонска киселина.
Употреба: се применува неразреден или разреден со вода во однос 1:1 за испирање и облоги на кожата.
Пантенол растворот се применува разреден со вода во однос 1:5 за испирање на промените на слузокожата.
За нега на косата, пантенол растворот се употребува неразреден или разреден во однос 1:1, два пати дневно се втријува во коренот на косата.