GEROVITAL Farmec Восочни топчиња за депилација, 250 г

GEROVITAL Farmec Восочни топчиња за депилација, 250 г
277,00 ден.
217,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
045703C
favorite_border

Опис на производот

FARMEC® HAIR REMOVAL WAX PEARLS

  • Бисери од восок за отстранување на влакна од телото
  • За сите типови на кожа
  • Екстракт од ванила
  • Дерматолошки тестирано

Восокот, со жолта бисерна боја и пријатен мирис, ефикасно ги отстранува несаканите влакна и ја остава вашата кожа мазна и мека подолг временски период (до 4 недели).

Восокот може да се користи повеќе пати.

Пакување: 250 г

Содржина

Состав: колофониум, глицерил розинат, парафин, микрокристален восок, пчелин восок, парфем, масло од сончогледово семе, Vanilla planifolia, екстракт од лист од рузмарин.

Употреба:

Загревање на восокот: Внимавајте, прегреениот восок може да предизвика сериозни изгореници. Постојано надгледувајте го восокот додека го загревате. Загрејте го восокот директно во сад на шпорет или во грејач за восок, внимавајќи да не го посипете восокот со вода, бидејќи така повеќе не може да се користи. Загрејте го восокот и промешајте со шпатула се додека не се стопи и не стане вискозен како мед.

Нанесување на восокот: Секогаш проверувајте го восокот на долната страна од зглобот, за да се одигурате дека не е премногу топол. Земете од восокот со шпатулата и нанесете го на површината на кожата, во насока на раст на влакната. Слојот на восокот мора да биде со должина од 10 до 15 цм и дебелина од 1 до 2 мм, за да може да се отстрани правилно. Краевите мора секогаш да бидат подебели за полесно отстранување. Ако на кожата нанесете прегреан восок, на ова место ставете ладна вода 10 минути и побарајте лекарска помош без да се обидувате да го  отстраните восокот.  

Отстранување на восокот: Оставете ја лентата за отстранување на влакната неколку секунди, потоа затегнете ја кожата со едната рака и со другата фатете го крајот на лентата и повлечете ја брзо и енергично во спротивна насока на раст на влакната. Со цел да се смири кожата, притиснете со раката или нанесете ладна облога на кожата веднаш по отстранувањето на лентата.

Чистење на остатокот од восокот: Никогаш не го отстранувајте преостанатиот восок со вода, сапун или алкохол. Исчистете го со веќе употребуван восок, со нокти или со памучна вата натопена во лосион за отстранување на восок.

Мерки на претпазливост: Секогаш следете ги препорачаните чекори. Ако се применува прв пат или на нова површина на телото, тестирајте го производот на мал дел од кожата. Ако не постојат несакани реакции во рок од 24 часа, продолжете со употреба. Кожата мора да биде чиста и сува, без траги од козметички производ.

По депилацијата, изложувањето на сонце, капење или употреба на дезодоранси, парфеми или производи базирани на алкохол не се препорачува во следните 24 часа.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се