LINO Protein Power Whey Чоколино со протеини, магнезиум и 8 витамини, 350 г

Опис на производот
LINO Cokolino Protein Power Whey - Чоколино со протеини,
- Инстант житни снегулки со чоколадо и протеини
- Големо количество на протеини - Протеините придонесуваат за раст и одржување на мускулната маса. Еден оброк содржи 17г протеини што претставува 34% од препорачаниот дневен внес
- Големо количество витамини од Б групата, како и витамин Ц - Витамините тиамин, рибофлавин, Б6, Б12 и витаминот Ц го поддржуваат нормалниот енергетски метаболизам
- Големо количество магнезиум - Магнезиумот придонесува за нормална функција на мускулите и го поддржува нормалниот енергетски метаболизам
- Засладено само со чоколадо
Нето-тежина: 350 г
Содржина
Состојки: житарици 48% (оризов гриз, овесно брашно), протеин од сурутка 14%, чоколадо 17% (шеќер, какао во прав, какао путер, емулгатор соја лецитин), малтодекстрин, магнезиум глуконат, витамини (Л-аскорбинска киселина, никотинамид, калциум Д-пантотенат, пиридоксин хидрохлорид, рибофлавин, тиамин хидрохлорид, фолна киселина, цијанокобаламн).
Може да содржи лешници.
Еден оброк од Чоколино со протеини содржи:
- 34% од препорачаната дневна количина на протеини
- 47% од препорачаната дневна количина на тиамин
- 71% од препорачаната дневна количина на рибофлавин
- 51% од препорачаната дневна количина на витамин Б6
- 92% од препорачаната дневна количина на витамин Б12
- 51% од препорачаната дневна количина на витамин Ц
- 36% од препорачаната дневна количина на магнезиум
Начин на подготовка: Во 250 мл млеко измешајте 6 големи лажици (50г) снегулки
Важно е да се придржувате кон урамнотежена и разноврсна исхрана и здрав начин на живот.
Чувајте го на суво место на собна температура! По употреба, затворете ја кесата користејќи го вградениот патент.