PHARMAMED Angipro Active Спреј, 20 мл

Pharmamed Angipro Active Spray sprej za grlo i nos
PHARMAMED Angipro Active Спреј, 20 мл
383,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
055045C
favorite_border

Опис на производот

ANGIPRO ACTIVE Спреј е гранични производ, делотворна комбинација од широкоспектарниот антисептик цетилпиридин хлорид, природни растителни состојки и прополис.

  • Антисептичниот ефект на цетилпиридин хлорид е зголемен со додаток на природните компоненти на тинктурата од прополисот, тимјанот, копривата, жалфијата, нане и додаток на ментол
  • Цетилпиридин хлорид е катронската квартерна амониева сол која што помага кај уништување на бактерии и други микроорганизми. Може да помогне и во превенција кај појави на забен камен и воспаленија на непцата
  • Прополисот е познат како природно средство кое ја штити и негува слузницата на устата и усната шуплина. Прополисот, жалфијата и нането се одобрени од страна на Германската комисија за лекување на воспаленија на усната шуплина и фаринксот
  • Ментолот во оваа формулација се наоѓа во тинктурата на нането но и поединечно, а покрај антисептичниот ефект го совежува и здивот

Благодарејќи на овој состав Angipro Activ Спреј ефикасно помага кај поблаги воспаленија на усната шуплина, грлото и при настинки. Може да се користи и за освежување на устата, при непријатен здив како и за одржување на нармална состојба на слузницата на устата и грлото.

Пакување: 20 мл
 

Содржина

Состав:

  0,17 мл/1 млаз од спрејот 100 мл
Цетилпиридин хлорид 0,3 мг 0,2 г
Тинктура од прополис 34,3 мг 20,1 г
Тинктура од жалфија 34,3 мг 20,1 г
Тинктура од тимјан 58,3 мг 34,2 г
Тинктура од нане 10,3 мг 6,1 г
Ментол 1 мг 0,6 г

Останати состојки: етанол 96 %-тен, ментол, засладувач: натриум сахарин

Граничниот производ ANGIPRO ACTIVE spray е наменет за перорална употреба (преку уста).

Дозирање и начин на употреба: Angipro Active спрејот се распрскува по еден млаз 4-5 пати на ден со помош на приложениот распрскувач, подлабоко во усната шуплина или на воспаленото жариште. Производот е наменет за возрасни и за деца постари од 7 години.

Мерки на претпазливост: Ако сте зеле поголема доза од ANGIPRO ACTIVE одколку што треба, веднаш посоветувајте се со Вашиот лекар или фармацевт. Ако сте ја пропуштиле доза, земете ја наредната и продолжете со вообичаеното дозирање. Не земајте двојна доза за да ја надоместите пропуштената. Граничниот производ треба да се чува на места недостапни за деца. Да се чува на температура под 25°С. Да се чува во оригиналното пакување заштитено од светлина и од влага. 

Немојте да го употребувате ANGIPRO ACTIVE ако сте чуствителни на некои од компонентите на производот. Во случај на пречуствителност да се прекине со употребата. Бидете посебно внимателни со граничниот производ ANGIPRO ACTIVE и консултирајте се со Вашиот доктор или фармацевт ако: забележите било какви несакани дејства кои не се споменати во ова упатство. Ве молиме да го известите Вашиот лекар или фармацевт ако употребувате или ако неодамна сме употребувале други лекови, вклучувајќи и лекови што се земаат без рецепт.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се