PJ PHARMA Ag Fast Nasal Капки за нос, 20 мл

Farmaimpresa Italija Ag Fast GTT kapki
PJ PHARMA Ag Fast Nasal Капки за нос, 20 мл
349,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Шифра
055980C
favorite_border

Опис на производот

Farmaimpresa Ag Fast Капките се медицинско средство.

  • Наменето за хидратација на назалната мукоза, разводнување на назалниот секрет и негово полесно отстранување
  • Кај сите назофаринегеални заболувања кои се карактеризираат со конгестија и нарушување на нормалната мукоцилијарна активност
  • Помага во одржување на прооодноста на носните патишта, го намалува прилепувањето на патогените бактерии и на тој начин го спречува развојот на инфекции во горниот дел од респираторниот систем

Пакување: 20 мл.

Производител: Gruppo Farmaimpresa srl Via Cipro 1-25124 Brescia Италија. 

Содржина

Состав: вода, метил сулфонил метан, ксилитол, Л-лизин монохидро хлорид, колоидно сребро, ектоин, сорбитол, натриум бензоат, калиум сорбат, лимонска киселина, натриум фосфат, витамин Б2 (рибофлавин), арома на јагода.

Употреба: Пред употреба добро протресете. Капнете по 2 или 3 капки, 3-4 пати на ден. Максимална употреба до 7 дена. По употреба добро затворете го шишенцето.

Предупредување: 

Да се чува на места недостапни за деца. Избегнувајте контакт со очи. Производот не е наменет за перорална употреба. Да не се користи во случаи на тековно и до неодамнешно крварење од носот. Да не се користи при повреда на назалната мукоза. Ако дојде до појава на несакани дејства, прекинете ја употребата на производот и консултирајте се со вашиот лекар. Да не се користи по истек на рокот на употреба наведен на пакувањето. Да не се користи ако пакувањето е оштетено. Рокот на употреба се однесува на неотворен и соодветно чуван производ. Истовремена употреба од страна на повеќе лица може да доведе до пренесување на инфекцијата. За употребата на производот кај бремени жени, доилки и деца, задолжителна е консултација со лекар. Ако не се придржувате на мерките на предупредување и инструкциите за употреба  може да се намали ефикасноста на производот или да дојде до влошување на постоечките проблеми или пак да доведе до проблеми кои предходно не биле присутни.

Производот содржи колоидно сребро, да не се користи во случи на докажана пречувствителност на оваа состојка. 

Немојте да го користите производот во случај ако се пречувствителни на било која состојка во неговиот состав. 
Долготрајна употреба може да доведе до појава на феномен на пречувствителност: ако дојде до тоа, прекинете го третманот и консултирајте се со вашиот лекар за да ви даде соодветна терапија. Ако дојде до појава на било какви несакани дејства кои не се опишани во ова упатство ве молиме да го контактирате вашиот лекар или фармацевт.  

Да се чува на места заштитени од сончева светлина, извори на топлина и влага, на температура од 5-25°С. Чувајте го производот во оригинално пакување. После првото отварање производот може да се користи до максимум 30 дена. 

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се