PJ PHARMA Ag Flu Nasal Спреј за нос, 20 мл
Опис на производот
Farmaimpresa Ag Flu Nasal - Спрејот за нос е медицинско средство.
- Наменет е за хидратација на назалната мукоза, разводнување на назалниот секрет и негово полесно отстранување
- Кај сите назофаринегеални заболувања кои се карактеризираат со конгестија и нарушување на нормалната мукоцилијарна активност
- Помага во одржување на проодноста на носните патишта, го намалува прилепувањето на патогените бактерии и на тој начин го спречува развојот на инфекции во горниот дел од респираторниот систем
- Производот не е наменет за деца под 3 годишна возраст
Пакување: 20 мл.
Производител: Gruppo Farmaimpresa srl Via Cipro 1-25124 Brescia Италија.
Содржина
Состав: вода, натриум хлорид, Н-ацетил цистеин, ксилитол, колоидно сребро, сорбитол, натриум бензоат, калиум сорбат, лимонска киселина, натриум фосфат, натриум хидроксид, гума акација, ксантан гума, арома на пеперминт.
Употреба: по 2-3 прскања во секоја ноздра, 3-4 пати на ден или почесто во зависност од потребите.
Предупредување: Да се чува на места недостапни за деца. Во одредени случаи може да дојде до лесна и транзиторна локална иритација. Избегнувајте контакт со очи. Истовремена употреба од страна на повеќе лица може да доведе до пренесување на инфекцијата. Производот не е наменет за перорална употреба.
Да не се користи во случаи на тековно и до неодамнешно крварење од носот. Да не се користи при повреда на назалната мукоза. Ако дојде до појава на несакани дејства, прекинете ја употребата на производот и консултирајте се со вашиот лекар. За употребата на производот кај бремени жени, доилки и деца, задолжителна е консултација со лекар. Ако не се придржувате на мерките на предупредување и инструкциите за употреба може да се намали ефикасноста на производот или да дојде до влошување на постоечките проблеми или пак да доведе до проблеми кои предходно не биле присутни.
Производот содржи колоидно сребро, да не се користи во случи на докажана пречувствителност на оваа состојка.
Немојте да го користите производот во случај ако сте пречувствителни на било која состојка во неговиот состав.
Долготрајна употреба може да доведе до појава на феномен на пречувствителност: ако дојде до тоа, прекинете го третманот и консултирајте се со вашиот лекар за да ви даде соодветна терапија.
Да се чува на места заштитени од сончева светлина, извори на топлина и влага, на температура од 5-25°С. Чувајте го производот во оригинално пакување. Да не се користи по истек на рокот на употреба наведен на пакувањето. Да не се користи ако пакувањето е оштетено. Рокот на употреба се однесува на неотворен и соодветно чуван производ. После првото отварање производот може да се користи до максимум 30 дена.