POXCLIN Разладувачка пена, 100 мл

PoxClin Cool Mousse
POXCLIN Разладувачка пена, 100 мл
652,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
034305C
favorite_border

Опис на производот

Иновативна пена со ефект на моментално ладење на кожата кај деца со овчи сипаници:

  • Моментално го ублажува јадежот (чешањето)
  • Лади и смирува
  • Помага во спречување на настанување на лузни до кои може да дојде како последица од чешањето.
  • Содржи природни состојки

PoxClin пена со разладувачки ефект се употребува за брзо ублажување на иритации, чешање и чувствителност предизвикани овчи сипаници. РoxClin пената со разладувачки ефект содржи 2QR комплекс, патентиран блокатор на бактерии кој помага во заштита и ублажување на иритирана кожа. 2QR комплексот го стимулира природниот процес на зараснување на кожата. Формулацијата на производот овозможува брз ефект на ладење и смирување на кожата, го намалува интензитетот на чешање и го поттикнува природниот процес на зарастување на кожата.

Пакување: дозатор со 100 мл пена со разладувачки ефект

Содржина

Состав: Aqua, Galactoarabinan Polyglucuronic Acid Crosspolymer*, Betaine, Laureth-9, PEG-40 Hydrogenated Castor Oil, Glycerin, Sodium Coco-Glucoside Tartrate, Polyglyceryl-10 laurate, Phenoxyethanol & Ethylhexylglycerin, Panthenol, Ethylhexylglycerin, Allantoin, Lavandula Angustifolia Flower/Leaf/Stem Extract, Chamomilla Recutita Flower Extract, Citric Acid, Sodium Hydroxide.

*2QR-complex

Употреба

Нанесете најмалку 3 пати на ден или секој пат кога сакате да ги ублажите симптомите. За дополнителен ефект на ладење - РoxClin пената со разладувачки ефект чувајте ја во фрижидер. PoxClin пената со разладувачки ефект не треба да ја употребувате повеќе од 30 последователни дена, што вообичаено е доволен период да се покрие целиот третман на варичела.

За третман на поголема површина на кожа која е опфатена со овчи сипаници: Нежно втријте ја пената на кожата. Испарувањето на пената ќе предизвика брз ефект на ладење на кожата.

Како помош во спречување на создавање на лузни: Се препорачува употреба на пената секогаш кога е потребно олеснување на симптомите (на пр. секој пат при пресоблекување на детето).

Предупредувања:
Да се чува надвор од дофат на деца. Само за надворешна употреба. Доколку PoxClin пената со разладувачки ефект дојде во контакт со очи, измијте обилно со чиста вода. Доколку иритацијата и понатаму е присутна побарајте помош од лекар. Прашајте го вашиот лекар за совет доколку детето добие висока температура или осипот се прошири на очите или ако кожата околу точките отекува, почне да го боли или е многу црвена. Немојте да го употребувате овој производот доколку сте алергични или пречувствителни на било која ја од состојките на производот.

PoxClin* пена со разладувачки ефект не содржи никакви штетни супстанции и безбедна е за примена на детска кожа. Не се познати несакани ефекти кои се поврзани со примена на Poxclin пена со разладувачки ефект. Избегнувајте контакт на PoxClin пената со разладувачки ефект со очите. При првата примена на PoxClin пена со разладувачки ефект може да биде неопходно пумпата да се притисне 2-3 пати како би се појавила пена. Не се познати интеракции со лекови. Не се познати контраиндикации поврзани со користење на PoxClin пена со разладувачки ефект.

Да се чува на суво и ладно место. Не ја употребувате пената по истек на рокот на употреба кој е наведен на боцата и кутијата.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се