SYNERGY Витамин Ц 1000 мг, 60 таблети + Цинк, 60 таблети

Synergy Vitamin C 1000 mg + Zinc 15 mg vitamin c i cink
SYNERGY Витамин Ц 1000 мг, 60 таблети + Цинк, 60 таблети
660,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Категорија
Бренд
Шифра
056530C
favorite_border

Опис на производот

  • SYNERGY Витамин Ц, 1000 мг

Витамин Ц (Аскорбинска киселина) е хидросолубилен есенцијален витамин. Во организмот аскорбинската киселина се оксидира во дехидроаскорбинска киселина. Овие две форми се важни за оксидо-редуктивните процеси во организмот.

Витамин Ц учествува во синтезата на колагенот од коските, забите, кожата, рскавицата, тетивите и крвните садови. Тој е вклучен во многу важни процеси во организмот: синтеза на тирозинот, ковнерзија на фолна во хидроксифолна киселина, во метаболизам на јаглени хидрати, синтеза на липиди и протеини, метаболизмот ма железото, ја зголемува отпорноста кон инфекции и учествува во клеточната респирација.

Витамин Ц ги редуцира простетичните метални јони од многу ензими и има антиоксидативна функција преку неутрализирање на слободните радикали.

Synergy Vitamin C 1000 мг:

  • Со технологија на постепено ослободување на витамин Ц од таблетата е овозможена максимална искористливост на активната компонента
  • Помала оптеретеност на бубрезите
  • Таблетата е збогатена со природен витамин Ц

Пакување: 60 таблети.

  • SYNERGY Цинк, 15 мг - Ефикасен сојузник на имунитетот.

Цинкот е минерал кој е од витално значење за секојдневните физиолошки процеси. 

Како катализатор на над 100 ензимски реакции, метаболни процеси и учество во синтеза на протеини, спаѓа во групата на есенцијални минерали кои се потребни секојдневно да се внесуваат преку исхраната или преку додатоци на исхрана.

Цинкот е моќен минерал кој ни е потребен за здрав имун систем, за правилна функција на тироидните хормони, половите хормони и за одржување на нормално ниво на глукоза во крвта. Помага при метаболизмот на разградба на јаглехидратите за енергија, но и во одржувањето на здравјето на кожата и ноктите.

Внесување на цинкот е особено важно за хормоните кои што го регулираат растот на телото и машкиот хормон тестостерон. Недостигот на цинк кај мажите го намалува нивото на тестостерон и бројот на сперматозоидите.

Игра значајна улога и при делбата и растењето на клетките, при заздравувањето на раните. Неговото дејство се должи на антиоксидативната моќ на овој минерал, што резултира со уништување на слободните радикали кои се причина за повеќе заболувања, како и за предвремено стареење.

Зголемени потреби од внесување на цинкот имаат трудниците, доилките, спортистите, вегетаријанци, консументи на исхрана која содржи многу растителни влакна кои ја спречуваат апсорпцијата на цинкот, лица над 50 годишна возраст, лица кои консумираат алкохол и др.

Пакување: 60 таблети.

 

Содржина

  • SYNERGY Витамин Ц, 1000 мг

Состав: една таблета содржи 1000 мг витамин Ц.

Употреба: една таблета дневно по оброк.

 

  • SYNERGY Цинк, 15 мг

Состав: содржи органска форма на цинк со максимална биорасположливост.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се