ALKALOID Парацетамол сируп, 120 мг/5мл
![](/sites/default/files/styles/4_columns_1_1/public/2021-02/PARACETAMOL-ALKALOID-120-mg5-ml-temno-stakleno-%7Bi%7Be-h-100-ml-%2Bdozatorkutija-%28peroralen-rastvor%29.jpg?h=fbf7a813&itok=iG-m5oh9)
Опис на производот
Парацетамолот дејствува антипиретично преку активност врз центарот за топлина во хипоталамусот, предизвикувајќи ширење на крвните садови и зголемен проток на крв во кожата, зголемено потење, а со тоа и губење топлина.
Индикации: Содржи парацетамол кој е аналгетик (намалува болка и треска) и антипиретик (намалува висока температура). Jа намалува болката при никнување заби, забоболката или болките во грлото и ја намалува температурата при настинка и при грип како и при детски инфекции, како што се големи и мали сипаници, голема кашлица и заушки.
Пакување: 100 мл раствор
Содржина
Состав: 5 мл раствор содржи 120 мг парацетамол.