MINERVA Прокто Синалар - Н ректален крем, 15 г

Minerva Procto Synalar-N Rectal Cream rectalna krema
MINERVA Прокто Синалар - Н ректален крем, 15 г
280,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Категорија
Шифра
037944C
favorite_border

Опис на производот

Прокто-Синалар Н е ректална крема која содржи комбинација од флуоцинолон и лидокаин, погодна за третман на хемороиди и други патолошки состојби во аноректалната регија.

Флуоцинолон ацетонид претставува топикален кортикостероид со многу силно анти-воспалително, анти-пруритично (против чешање) и вазоконстрикторно (стеснување/ стегање на крвните садови) дејство. 

Лидокаин хидрохлорид представува силен анестетик кој се користи за локална анестезија. Во концентрации од 1%- 2% се користи локално за отрпнување на воспалената мукоза.

Прокто-Синалар Н се употребува за симптоматски третман на инфламација (воспаление) и пруритус (чешање) кај дерматопатии кои реагираат на локални кортикостероиди, како што се внатрешни и надворешни хемороиди, перианална егзема, анален пруритус.

Пакување: 15 г.

 

Содржина

Состав: 0.01% Fluocinolone acetonide; 2% Lidocaine hydrochloride.

Помошни супстанции: ментол, лимонска киселина, метил парабен Е218, пропил парабен Е216, пропилен гликол, стеарил алкохол, цетил алкохол, минерално масло (тешко), сорбитан стеарат, полисорбат, пречистена вода. 

Дозирање: Вообичаениот период на третман со Прокто Синалар - Н се движи помеѓу 1 до 2 недели. 

Мала количина од кремот се нанесува на заболената површина. Кремот исто така може да се нанесува и ректално со помош на приложениот апликатор. Може да се примени комбиниран третман со крема и супозитории. Се препорачува супозиториите да се применуваат после дефекација и промивка на аналната регија. 

 

Мерки на претпазливост: Немојте да го употребувате Прокто-Синалар Н доколку сте преосетливи на некоја од составните компоненти.

  • Прокто-Синалар Н е не е наменет за офталмолошка (очна) употреба!

Бидете посебно внимателни ако имате тешки оштетувања на бубрезите, освен нефроза, имате дијагностицирано психоза или сте склони на психоза, доколку имате активна туберкулоза, инфективни заболувања, атрофија на кожата, сифилис, инфекции со паразити, микробиолошки, габични или вирусни инфекции, во случај на зголемена подложност на крварење поради нарушена коагулација, кога треба да се изврши вакцинација. Консултирајте се со Вашиот лекар доколку земате лекови за третман на аритмија. 

Употреба за време на бременост и доење: топикални кортикостероиди може да се препишуваат или издаваат само тогаш кога очекуваниот бенефит ги оправдува несаканите ефекти кои може да се јават врз фетусот. Во овој случај, високи дози или долг период на употреба треба да се избегнуваат, посебно во првиот триместар од бременоста. Кога употребата на локални кортикостероиди е неопходна за време на доење, применетата доза и периодот на траење на третманот треба да бидат сведени на минимум.

Во случај на појава на инфекција треба да се примени соодветен антимикробен или антифунгален агенс. Третманот со овој лек не треба да се применува доколку инфекцијата не е контролирана, се до моментот кога инфекцијата целосно ќе се стави под контрола. Главно се препорачува да се избегнува употреба на локален кортикостероид повеќе од 2 недели без надзор на лекар. Не се препорачува апликација на локален анестетик подолго од 2 недели поради ризик од појава на преосетливост на кожата во регионот на апликација. Можноста од постоење на малигно заболување треба целосно да биде исклучена пред да го употребувате овој лек. Во случај на иритација или крварење од ректумот третманот со овој лек треба веднаш да се прекине. Постои можност од системска апсорпција (абсорпција во крвотокот) на лекот преку ректумот. 

Големи количини може да предизвикаат несакани ефекти на Централниот Нервен Систем (ЦНС) поради присуството на лидокаин или системското делување на кортикостероидот. Ризикот за системска апсорпција е поголем кај децата. Супозитории се преферираат за третман на внатрешни хемороиди. Третманот со Прокто-Синалар Н не го исклучува третманот на причинителот  за појавата на хемороиди (локалната хигиена, констипацијата итн.), како и не може да биде замена за хируршка интервенција таму каде што постои индикација за истата. 

Доколку сте заборавиле да ја земете потребната доза од  лекот, продолжете со воспоставената шема на земање на лекот, игнорирајќи ја испуштената доза. Редовно земајте го лекот за да се постигне посакуваниот терапевтски резултат.

Лекот да се чува на температура до 25°C. Чувајте го на места недостапни за деца!

 

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се