REVALID Шампон за стимулација на раст на коса, 200 мл
![](/sites/default/files/styles/4_columns_1_1/public/2022-09/REVALID-hair-loss-stimulating-shampoo.jpg?h=fbf7a813&itok=5Z-Sdhpd)
Опис на производот
Revalid шампонот за стимулација на раст содржи Redensyl, иновативна состојка која докажано ги обновува клетките во фоликулите одговорни за раст на косата.
Составена е од две патентирани молекули - DHQG, добиени од екстракт од ариш и EGCG2, кои се наоѓаат во листовите на зелениот чај - во комбинација со цинк и амино киселината - глицин. Екстрактот од швајцарска Artemisia и пантенолот чистат нежно, ја хидрираат и зајакнуваат вашата коса. Revalid шампонот за стимулација на растот обезбедува оптимална грижа и ја подготвува косата за третман против опаѓање со Revalid серумот за раст.
Без парабени, сулфати и силикони.
- Redensyl е патентирана, активна состојка од областа на регенеративното медициско истражување
- Синергетското дејство на патентираните молекули е развиено да ги поддржи ORSc и кожните папиларни клетки во фазата на иницијација на растот на косата. За Redensyl е научно докажано дека го стимулира растот на косата истовремено спречувајќи го опаѓањето на истата
- Артемизија е растение познато по своите природни антиоксидантни својства. Традиционално се употребува од фармерите на Алпите како домашен лек против треска, кашлица, па дури и пневмонија, овде служи за заштита на кожата и обновување на балансот на скалпот
- Ajidew делува како природен навлажнувач кој ја прави косата полесна за обликување и ја намалува наелектризираноста
- Пантенолот докажано ја стимулира пролиферацијата на кожни фибробласти и го забрзува обновувањето на клетките. Исто така, помага косата да ја апсорбира и задржува влажноста
- Tocopheryl nicotinate или витамин Е е природен антиоксидант познат по своите навлажнувачки својства
Пакување: 200 мл
Содржина
Употреба:
Ставете мала количина на Revalid шампонот на дланката.
Од шампонот со вода направете малку пена. Полека нанесете на влажна коса и со прстите масирајте го скалпот.
Оставете шампонот да отстои околу шеесетина секунди.
Исплакнете обилно.
Повторете доколку е потребно.
Завршете го третманот против опаѓање на коса со Revalid серумот за раст.