EUCERIN SUN Sensitive Protect Крем за лице за заштита од сонце, со СПФ 50+, 50 мл
Опис на производот
Во текот на летниот период, потребно е да ја заштитиме кожата од влијанието на силните сончеви зраци и слободните радикали. Eucerin®SENSITIVE PROTECT кремот за лице за заштита од сонце, за сува кожа со СПФ 50+ е наменет за нега на сува и чувствителна кожа, склона кон атопичен дерматитис. Производот oвозможува многу висока УВ заштита.
- Ја заштитува кожата и го намалува оштетувањето на чувствителната и сува кожа под дејство на сончевите зраци
- Водоотпорен, без мирис
- Со ADVANCED SPECTRAL TECHNOLOGY, којашто комбинира УВА/УВБ филтри за многу висока УВ заштита и ликохалкон А, кој што помага за неутрализација на слободните радикали. Глициретинската киселина ги помага сопствените ДНК-репаративни механизми на кожата
- Дерматолошките проучувања докажуваат: Многу добра подносливост од чувствителна кожа и кожа склона кон атопичен дерматитис
Пакување: 50 мл
Содржина
Состав: Вода, хомосалат, октокрилен, глицерин, денатуриран алкохол, бутил метоксидибензоилметан, етилхексил салицилат, бис-етилхексилоксифенол метоксифенил триазин, етилхексил кокоат, глицерил стеарат цитрат, хидрогенизирани коко-глицериди, цетеарил алкохол, глициретинска киселина, екстракт од корен од глицириза инфлата, ВП/хексадецен кополимер, ксантан гума, акрилати/Ц10-30 алкил акрилат вкрстен полимер, силика диметил силилат, диметикон, натриум хидроксид, тринатриум ЕДТА, етилхексилглицерин, феноксиетанол.
Употреба: Нанесете обилно на кожата пред излегување на сонце и редовно нанесувајте повторно, особено после пливање, потење или бришење со крпа, за да ја одржите потребната заштита. Нанесување на помала количина од препорачаната, значајно го намалува нивото на заштита од сонце. Не се изложувајте премногу долго на сонце, дури и кога користите производи за заштита од сонце. Прекумерното изложување на сонце претставува сериозна опасност по здравјето Не ги изложувајте бебињата и малите деца на силна сончева светлина. Избегнувајте контакт со очите. Оставете да се апсорбира целосно и избегнувајте директен контакт со текстил и тврди површини, за да избегнете појава на дамки.