HEMOFARM Марисимо екстра форте спреј за нос, 125 мл

Marissimo Extra Forte Nasal Spray Sprej za nos
HEMOFARM Марисимо екстра форте спреј за нос, 125 мл
340,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
047653C
favorite_border

Опис на производот

Marissimo® Extra Forte спреј, стерилен хипертоничен раствор на морска вода за нос (разблажен со пречистена вода на 2.1%), алое вера (0.025%), камилица (0.025%).
    
Спрејот Marissimo® Extra Forte не содржи лек, ниту конзерванси, продира длабоко при плакнење на носната празнина и може да го користат деца и возрасни.

Дејствува така што ја разредува слузта и ги плакне надворешните честички, како што се прав, полен и алергени. Потпомага во одзатнување на носот и ја обновува природната функција на дишните патишта.
Спрејот за нос Marissimo® Extra Forte не создава зависност и може да се употребува заедно со другите лекови.
Алоето и камилицата, како додатни состојки, со своето хидрирачко и смирувачко дејство го помагаат ублажувањето на рани во носот, со пријатен мирис којшто дава чувство на свежина.

Намена:
Спреј за плакнење нос којшто не содржи лек, служи за ублажување отоци на слузокожата во носот при воспаление на синусите, затнат нос, поленска алергија и други алергии, како и кај постоперативна нега на носот.

Можат да го употребуваат возрасни и деца од навршени 2 години старост.

Пакување: 125 мл.

Содржина

Состав:
Природна морска вода (разблажена со пречистена вода до хипертоничен раствор 2,1%), 0.025% алое вера и 0.025% камилица.

Нaчин на употреба:
1. Отстранете го заштитното капаче;
2. Држете ја главата во исправена положба и распрскајте ја саканата доза во секоја носница.
Повторете онолку пати колку што е потребно.
Дозата зависи од тоа колку долго е притиснат додатокот за распрскување.

Мерки на претпазливост:
Доколку повеќе од едно лице го користи ова средство, може да дојде до ширење на инфекции.
Исчистете го додатокот за нос со вода и сапун и исплакнете го со врела вода по секоја употреба.
Поради состојките, овој спреј не смеат да го употребуваат лица што се преосетливи (алергични) на екстракт од камилица, односно алое вера.

Предупредување:
Шишенцето е под притисок.
Во случај на загревање, може да дојде до пукање на шишето.
Да се чува подалеку од извор на топлина, врели површини, искра, отворен пламен и други извори на палење. Не пушете.
Немојте да го продупчувате или спалувате шишенцето, дури и кога е празно.
Заштитете го од сончева светлина.
Да се чува надвор од дофат на деца.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се