HEMOFARM Марисимо софт мини спреј за нос, 50 мл
Опис на производот
Marissimo® Soft мини-спреј
- Изотоничен раствор за нос, стерилен раствор на морска вода во спреј (0,9%)
- За деца од навршени 6 месеци и за возрасни
Mини-спрејот Marissimo® Soft не содржи лек, ниту конзерванси.
Растворот продира длабоко при плакнење на носната празнина и може да се применува кај бебиња со навршени 6 месеци, деца и кај возрасни. Дејствува така што ја разредува слузта и ги плакне надворешните честички, како што се прав, полен и алергени. Потпомага во одзатнување на носот и ја обновува природната функција на дишните патишта.
Не создава зависност и може да се употребува заедно со други лекови. Се случува, лицата што често страдаат од кивавица и од воспаление на синусите да откријат дека редовната употреба на овој спреј може да придонесе да ја намалат употребата на лекови.
Пакување: 50 мл.
Содржина
Состав: природна морска вода, разблажена со пречистена вода до физиолошко ниво (0,9%).
Употреба: држете го спрејот под кој било агол и внимателно вовлечете го додатокот за нос во едната, па во другата носница. Држете притиснато 1-2 секунди.
Мерки на претпазливост: доколку повеќе од едно лице го користи ова средство, може да дојде до ширење на инфекции. Исчистете го додатокот за нос со вода и сапун и исплакнете го со врела вода по секоја употреба.
Предупредување:
- Шишенцето е под притисок. Во случај на загревање, може да дојде до пукање на шишето
- Да се чува подалеку од извор на топлина, врели површини, искра, отворен пламен и други извори на палење. Не пушете
- Шишенцето е под притисок. Немојте да го продупчувате или спалувате шишенцето, дури и кога е празно
- Заштитете го од сончева светлина
- Производот не изложувајте го на температури повисоки од 50°C/122°F
- Да се чува надвор од дофат на деца