HOLLE 1 Органска почетна формула за доенчиња од кравјо млеко, 400 г

HOLLE 1 Органска почетна формула за доенчиња од кравјо млеко, 400 г
543,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
048183C
favorite_border

Опис на производот

Органска почетна формула за доенчиња oд раѓање

  • Сертифициран органски производ
  • Demeter-квалитет
  • Со ДХА
  • Погодно за дополнување на исхраната со мајчиното млеко
  • Со биодинамички произведено млеко

Важна напомена: Мајчиното млеко претставува најдобра прехрана за Вашето бебе. Соодветно за употреба од денот на раѓање (доколку не доите) или за надополнување на доењето. Лесно прифатено од доенчињата при промена од друга почетна формула. После 6 месеци препорачуваме употреба на Holle 2. Органска Последователна формула за доенчиња во комбинација со Holle органски кашички.

Повеќе од 85 години, Holle одржува органски квалитет. Секогаш органско – поради вистински причини. Како прв производител на бебешка храна со Demeter квалитет Holle користи суровини од органско или биодинамичко земјоделство, без експлоатација на животните, почвата или животната средина преку фер партнерство со земјоделците.

Holle приоритети се здрава и балансирана исхрана со употреба на едноставни и природни рецепти со сезонска разновидност. Сите состојки се предмет на строги контроли за да осигураат што поголема безбедност Holle производите се посветени на благосостојбата на Вашето бебе. За HOLLE 1 Органската  формула се користи Demeter - сертифицирано млеко. Demeter фармите работат според биодинамички принципи, во склад со природата. На овој начин се гарантира висок квалитет на млечната формула

Пакување: 400 г

Содржина

Состојки: обезмастено млеко**1, сурутка во прав* (делумно деминерализирана),  растителни масла* (палмино масло*3, сончогледово масло*,  масло од семе од репка*), малтодекстрин*, лактоза*, обезмастено млеко во прав**, рибино масло2, обезмастено млеко во прав*, калциум карбонат, калиум хлорид, холин битартарат, натриум хлорид, Л-тирозин, витамин Ц, Л-триптофан, железен лактат, витамин Е, цинк сулфат, витамин А, витамин Д, ниацин, пантотенска киселина, бакар сулфат, витамин К, фолна киселина, витамин Б1, витамин Б2, витамин Б6, манган сулфат, калиум јодат, натриум селенат, биотин.

*состојки од органско производство

**Demeter (од биодинамичко производство)

  • 1 100 г прашок се направени од 164 мл обезмастено млеко
  • 2 содржи ДХА (согласно регулаторните барања за сите почетни формули за доенчиња)
  • 3 од одржливо земјоделство

Подготовка: Секогаш подготвувајте ја формулата со чисти и суви раце. Шишињата, цуцлите, прстените, капачињата, чашите, ножот и лажичката треба да бидат добро измиени. Зовријте ја потребната количина на вода и потоа изладете ја на температура од 50˚C.

Налејте во шишенцето околу половина од потребната вода. Посебно подготвувајте го секое шишенце. Наполнете ја мерната лажичка и порамнете со помош на нож. Секогаш користете ја мерната лажичка која се наоѓа во кутијата. Додадете ја потребната количина прашок на водата. Добро протресете. Додадете го остатокот на вода и  затворете.

Секогаш подготвувајте свеж оброк. Не го користете остатокот од храна за следниот оброк. Поради опасност од прегревање, храната не смее да се загрева во микро печка.

Важна напомена:

Мајчиното млеко претставува наjприродна и најдобра прехрана за Вашето бебе. Преку доење Вашето бебе ги добива сите потребни корисни состојки и витамини.

Затоа Holle го препорачува доењето. Производот може да се користи само по препорака на стручни лица од областа на медицината, фармацијата или исхраната.

После отварање на пакувањето содржината може да се употребува до 2 недели. Пакувано во заштитена атмосфера.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се