ZENTIVA Флевенол 500 мг, 30 таблети

Zentiva Flevenol
ZENTIVA Флевенол 500 мг, 30 таблети
383,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Категорија
Шифра
029589C
favorite_border

Опис на производот

Лекот Флевенол содржи активна супстанција диосмин. Припаѓа на групата на лекови нарeчени вазопротективи. Овие лекови го зголемуваат венскиот тонус (венотоничен ефект) и го зголемуваат отпорот во малите крвни капилари (вазопротективен ефект).

Флевенол  се препорачува за:

  • Симптоматски третман на венско-лимфатични нарушувања кај возрасни (отечени нозе, болни и уморни нозе)
  • Како адјувантен третман на венозни улцери кај возрасни (чувство на тежина во долниот дел на нозете, болни и уморни долни екстремитети рано наутро, ноќни грчеви, едем, трофични нарушувања)
  • Акутен хемороидален напад и хронична хемороидална болест

Пакување: 30 филм обложени таблети.

Содржина

Состав: 

  • Активна супстанција: диосмин. Една таблета содржи 500 мг диосмин
  • Таблетно јадро
    • Желатин
    • Натриум скроб гликолат
    • Целулоза микрокристална (Е460)
    • Талк
    • Магнезиyм стеaрат
    • Прочистена вода
  • Филм-обложување
    • Лактоза монохидрат
    • Хипромелоза (Е464)
    • Титаниум диоксид (Е171)
    • Макрогол 4000
    • Жолт железен оксид (Е172)
    • Црвен железен оксид (Е172)

Употреба: Препорачливо е Флевенол да се зема за време на оброк

  • Венски нарушувања, венски улцери и хронична хемороидална болест: 2 таблети дневно (една таблета наутро и една таблета навечер, за време на оброците).
  • Aкутен хемороидален напад: 6 таблети (3 х 2 таблети дневно) во период на првите 4 дена, потоа 4 таблети (2 х 2 таблети дневно) во период на следните 3 дена, за време на оброци.

Флевенол е наменет за перорална употреба.

Третманот дава најдобри резултати доколку е комбиниран со здрав начин на живот. Треба да избегнувате изложување на сончева светлина, топлина, пролонгирано стоење, прекумерна тежина. Пешачење и носење на специјално компресирачки чорапи ја подобрува циркулацијата.

Мерки на претпазливост: Информирајте го Вашиот лекар ако имате или во минатото сте имале некоја болест или алергија. Не земајте двојна доза за да ја надоместите пропуштената. Лекот да се чува на места недостапни за деца! Ако Вашиот лекар ви кажал дека не толерирате некои шеќери треба да му се обратите за совет пред да почнете да го употребувате овој медицински производ бидејќи содржи лактоза монохидрат. Не се препорачува употреба на Флевенол за време на бременост. Нема достапни податоци дека диосмин се екскретира во мајчиното млеко и затоа овој лек не треба да се применува за време на доење. 

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се