PHARMANOVA Естрофакт силвер протект пена, 50 мл

Pharmanova Oestrofact Silver Protect foam pena srebro estrofakt
PHARMANOVA Естрофакт силвер протект пена, 50 мл
469,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Категорија
Бренд
Шифра
054861C
favorite_border

Опис на производот

Oestrofact SILVER protect (Естрофакт* СИЛВЕР протект) е лесна пена за надворешна употреба, чие основно делување е создавање одбранбена бариера како помош во третман на бактериски, габични и вирусни инфекции.

Oestrofact SILVER protect (Естрофакт* СИЛВЕР протект) пената, формира заштитна бариера на надворешната генитална регија и на тој начин ги изолира и штити ткивата од надворешни штетни агенси.

Оestrofact SILVER protect (Естрофакт* СИЛВЕР протект) пената како главни состојки содржи натриум-хијалуронат и екстракт на црн слез (Malva silvestris extract) и помошна супстанција TIAB комплекс (микрокристален титниум-диоксид со ковалентно поврзани јони на сребро).

Благодарение на својствата на натриум-хијалуронат и екстракт на црн слез, производот формира заштитна бариера и помага во третманот на бактериски, габични и вирусни инфекции со создавање на заштитен филм со цел да го изолира и штити ткивото од надворешните иританси и да овозможи одржување и обновување на нормалната физиолошка состојба на ткивото.

  • Натриум-хијалуронат има муко-миметички, муко-адхезивни и високоеластични својства.
  • Хијалуронска киселина è природно присутна во вагиналната слузница и другите ткива во телото и е одговорна за одржување на хидратација на телото. Може да поврзе големо количество вода и затоа навлажнување на кожата во случај на воспаление, како и зачувување на хидратација се клучните улоги на нејзиниот механизам на делување.
  • Црн слез има хидрирачко, смирувачко и освежувачко дејство, благодарение на високата содржина на слуз којашто брзо ги ублажува типичните тегоби предизвикани со воспаление, како што се чешање и печење предизвикани од херпес или присуство на кандида или кондиломи, олеснувајќи ги физиолошките процеси на закрепнување на слузницата на вулвата и вагината.
  • TIAB комплекс содржи микрокристален титниум-диоксид со ковалентно поврзани јони на сребро, чијашто основна функција е создавање бариера што ја изолира и штити кожата од надворешните иританси, спречувајќи го со тоа појавувањето на инфекции.
  • TIAB комплексот ја зголемува отпорноста на заштитниот филм, што го формираат натриум-хијалуронат и екстракт на црн слез, од напади на микробите и со тоа го зголемува ефектот на бариерата.

Пакување: 50 мл

Содржина

Состав: вода, каприлни/капрински триглицериди, глицерин од растително потекло, гликолен екстракт на црн слез, ТIАВ комплекс (микрокристален титниум-диоксид со ковалентно поврзани јони на сребро), Стеаретх-2, Стеаретх-21, бензалкониум-хлорид, PVP K30, натриум-хијалуронат, ментол лактат, млечна киселина.
Пропелент: бутан-изобутан-пропан

Упатство за употреба:

  • Пред употреба добро да се протресе
  • Пред употреба измијте ја и добро исушете ја третираната регија
  • Нанесете тенок слој на пената врз зафатеното подрачје
  • Втривајте ја пената додека не се исуши
  • Повторете го нанесувањето на пената еднаш или повеќе пати во текот на денот
  • Производот треба да се нанесува на подрачја коишто се зафатени со инфекција со појавување на првите симптоми (чешање, печење, црвенило итн.)

Предупредувања:

  • Не користете го производот во цели поинакви од тие наведени во упатството
  • Пред нанесувањето на производот внимателно измијте ги рацете
  • После нанесувањето на Oestrofact SILVER protect (Естрофакт СИЛВЕР протект), пената да се втрие на третираното подрачје додека не се исуши
  • Одбегнувајте го контактот со очите. Во случај на контакт, веднаш темелно измијте со вода
  • Пената треба да формира заштитен слој
  • Не употребувајте Oestrofact SILVER protect (Eстрофакт СИЛВЕР протект) после истекување на рок за употреба втиснат на амбалажата
  • Само за надворешна употреба, да не се голта
  • Не користете доколку пакувањето е отворено или оштетено
  • Поради недостаток на конкретни податоци за употреба на овој производ во тек на бременоста или доењето, како и за употреба кај деца, обратете се на лекар или фармацевт за совет пред да земете Oestrofact SILVER protect (Естрофакт СИЛВЕР протект) пена
  • Да не се користи во случај на позната пречувствителност на некоја од компонентите
  • Престанете со третман во случај на абнормални кожни реакции
  • Во случај на подолга употреба, посоветувајте се со лекар
  • Производот нема спермициден, ниту контрацептивен ефект

Контраиндикации:

  • Не се забележени случаи на предозирање
  • Да не се користи во случај на позната пречувствителност на компонентите
  • Не се познати интеракции со лекови и други лековити супстанции

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се