Аминогаба 250 мг, 100 таблети

Опис на производот
АМИНОГАБА Гама амино бутерна киселина 250 мг.
- Храна за посебни медицински намени
АМИНОГАБА е диететски производ наменет за диететско регулирање кај повозрасни лица при состојби на анксиозност, стрес, регулирање на спиење, подобрување на меморија и расположение и други нарушувања на конгнитивните функции, како и подобрување на моторните и говорните функции после мозочен удар или повреда на мозокот или черепот.
Пакување: 100 таблети
Содржина
Состав: Една (1) таблета содржи:
Гама амино бутерна киселина 250 мг
Состојки: гама амино бутерна киселина, сахароза, средство против згрутчување - магнезиум карбонат, Opdry II (средство за зголемување на волуменот - поливинил алкохол, боја - титаниум диоксид, средство против згрутчување - талк, средство за глазирање - полиетилен гликол, емулгатор - лецитин од соја), бело пченично брашно, боја - титаниум диоксид, средство против згрутчување - магнезиум стеарат, стабилизатор - поливинилпиролидон, рафинирано сончогледово масло, средство за глазирање – жолт пчелин восок, цврст парафин.
Нутритивни информации | на 100 г | на таблета |
Енергетска вредност |
1321KJ ± 224 315 kca l ± 53 |
5.9KJ ± 1 1.4 kca l ± 0.2 |
Масти - од кои заситени масти |
1.27 г 6.89 г |
˂ 0.01 г ˂ 0.02 г |
Јаглени хидрати - од кои шеќер |
25.6 г ˂0.10 г |
0.11 г ˂ 0.01 г |
Протеини | 49.38 г | 0.22 г |
Сол / натриум хлорид | 0.29 g ± 7% | ˂0.01 g ± 7% |
Информација за алергени: производот содржи соја и пченица.
Употреба: Се препорачува по една (1) таблета на ден, редовно, без прекинување на третманот или во согласност со препораките на лекарот.
Предупредување: Производот не е наменет за бремени жени и доилки. Ако имате дијагностицирано некое заболување и земате лекови (особено лекови за епилепсија, анксиозност и инсомнија) или други додатоци на исхрана, пред употреба на ГАБА, консултирајте се со вашиот лекар или фармацевт. Да не се користат истовремено други производи кои содржат ГАБА. Да не се консумира алкохол. Потребно е посебно внимание по земање на производот, при возење или ракување со машини, бидејќи производот предизвикува поспаност. Во случај на пречувствителност на било која состојка во состав на производот, прекинете ја употребата на производот и консултирајте се со вашиот лекар. Следете ги препораките на вашиот лекар за начинот на употреба и дозирањето.
Начин на чување: Да се чува на суво и темно место, заштитено од сончева светлин, на собна температура. Да се чува на места недостапни за деца.
Важна напомена: Производот се употребува под медицински надзор. Производот не е погоден за употреба како единствен извор на исхрана. Производот не е наменет за парентерална употреба.