BLACK UP Sun Крем за лице со СПФ 30, 50 мл
Опис на производот
Содржи комбинација на УВА и УВБ филтри, витамин Е, Д-пантенол и екстракт од алое вера. Вградените состојки овозможуваат висока заштита на лицето од УВА и УВБ зраците во текот на сончањето, а истовремено ја заштитуваат кожата од изгореници и од црвенило.
УВА и УВБ филтрите се висококвалитетни хемиски филтри, кои имаат способност да ги апсорбираат УВ-зраците и на тој начин да ја заштитуваат кожата од штетните УВ-зраци. Нивното дејство е засилено со механички филтер УВА/УВБ со широк спектар дејства и е особено препорачлив за чувствителна кожа.
Кремот е збогатен со екстракт од алое вера, кој ѝ дава дополнителна влажност на кожата.
Содржи Д-пантенол, кој е моќен навлажнувач и продира сѐ до долните слоеви на кожата, и витамин Е, кој има големо антиоксидативно дејство.
- Дерматолошки тестиран
- Наменет е за сите типови кожа
- Со зашитен фактор СПФ 30
Пакување: 50 мл
Содржина
Употреба: се нанесува на сува кожа, 15 минути пред изложување на сонце и по секое капење. Може да се користи повеќе пати во текот на денот.