DR. THEISS Мукоплант тегавец Добра ноќ сируп, 250 мл

DR. THEISS Мукоплант тегавец Добра ноќ сируп, 250 мл
347,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
021432C
favorite_border

Опис на производот

Мукоплант тегавец Добра ноќ

  • Придонесува во олеснување на дразнењето на горните дишни патишта и одржување на нормален сон

Екстрактите од теснолистен тегавец (Plantago lanceolata), тимјан (Thymus vulgaris) и камилица (Chamomilla recutita) придонесуваат во олеснување на дразнењето на горните дишни патишта.

Екстрактот од маточина (Melissa officinalis) на природен начин помага во релаксирање и опуштање и овозможува одржување на нормалниот сон.

Витаминот Ц (аскорбинската киселина) придонесува за нормална функција на имуниот систем, намалување на заморот и исцрпеноста.

Пакување: 250 мл

Содржина

Состав:

Стабилизатори: сорбитол, малтитол - сируп; вода; естракт од лист од теснолистен тегавец 1:1 (4,5 %) (Plantago Lanceolata L.; вода; конзерванс: калиум сорбат); екстракт од цвет и лист од тимјан 1:5 (0,3 %) (Thymus vulgaris L.; материја за задржување на влага: глицерол; вода; конзерванс: калиум сорбат); екстракт од цвет од камилица 1:7 (0,3 %) (Chamomilla recutita L.; материја за задржување на влага: глицерол; вода; конзерванс: калиум сорбат).

Згуснувач: ксантан гума; витамин Ц (аскорбинска киселина);

Конзерванс: калиум сорбат;

Арома: анасон; екстракт од билката од маточина 4,3-5,2:1 (0,05 %) (Melissa officinalis L., малтодекстрин).

Содржи сулфур диоксид.

Начин на употреба: за перорална употреба (се пие).

Вообичаено дозирање:

  • Деца од 4-6 години: ½ чајна лажичка (2,5 мл) три пати на ден
  • Училишни деца: 1 чајна лажичка (5 мл) три пати на ден
  • Возрасни: 1 супена лажица (15 мл) три пати на ден

Мукоплант тегавец Добра ноќ, може да се зема и преку ден и навечер за олеснување на дразнењето на горните дишни патишта и одржување на нормален сон, но не повеќе од 6 пати во текот на 24 часа. Не се препорачува континуирана употреба подолго од 1 недела.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се