HEMOFARM Омнитус сируп, 200 мл
Опис на производот
Содржи активна супстанца бутамират цитрат која припаѓа на групата синтетски антитусици со централно дејство (група лекови за лекување на кашлица), која не ппредизвикува зависност
Омнитус спречува и ја смирува надразнителната кашлица. Се користи пред и после тераписки и дијагностички процедури во бронхиите (кај изведување на бронхоскопии), како и пред и после изведување на хируршки интервенции. Како дополнителна терапија се користи кај заболување-пертусис (голема кашлица)
Пакување: 200 мл
Содржина
Дозирање:
- Возрасни: земете 3 x 2 големи лажици (30 мл)
- Деца над 12 години 4 x 1 голема лажица (15 мл)
- Деца од 6 до 12 години 3 x 1 голема лажица (15 мл)
- Деца од 3 до 6 години 3 x 2 мали лажички (10 мл)
Бременост и доење:
Советувајте се со вашиот лекар или фармацевт пред да земете каков било лек во текот на бременоста и периодот на доење.