DEFENDYL Имуноглукан сируп, 120 мл

Medis Defendyl Imunoglukan P4H 120 ml Syrup sirup defendil
DEFENDYL Имуноглукан сируп, 120 мл
850,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
031856C
favorite_border

Опис на производот

Сирупот Defendyl-Imunoglukan P4H® е течен додаток на исхраната кој содржи витамин Ц и природен полисахарид Имуноглукан® (плеуран, изолиран од печурката буковка (Pleuratus ostreatus).

  • Витаминот Ц придонесува за нормална функција на имунолошкиот систем

  • Погоден за деца над 1 година (по совет на доктор) и за возрасни на кои повеќе им одговара течност

Пакување: 120 мл

Производител: MEDIS Медис д.о.о., Љубљана, Словенија во соработка со Плеуран, с.р.о. ЕУ

Содржина

Состав: Витамин Ц (Л-аскорбинска киселина), Имуноглукан (IMG® (плеуран, изолиран од печурката буковка), вода, фруктоза, регулатор на киселост: на киселоста (лимонска киселина), конзерванс (калиум сорбат).

Употреба

Сирупот земајте го на празен стомак, наутро, половина час пред појадокот или навечер, пред спиење. Сирупот се зема еднаш на ден, најмалку 2-3 месеци.

Сирупот може да го користат деца од 1-3 години но само по препорака на лекар.

Пред употреба, добро протресете го шишенцето.

Препорачана доза:

Возраст Препорачана количина Имуноглукан мг Витамин Ц мг
1-3 3 30 30 (38 %ПДВ*)
4-6 4 40 40 (50 %ПДВ*)
7-10 4,5 45 45 (56 %ПДВ*)
деца над 14 години и возрасни 14 140 140 (175 %ПДВ*)

*ПДВ - Препорачан дневен внес

  • Погоден за вегетаријанци и за дијабетичари

  • Не содржи: глутен

Мерки на претпазливост: Чувајте го на места недостапни за децата! Чувајте го на температура од 5 до 25°C, заштитен од влага и од директна сончева светлина.

По првото отворање чувајте го производот во фрижидер на температура од 2 до 8°C и искористете го во период од три месеци.

Во сирупот може да се формираат бели кристали кои немаат влијание врз квалитетот на сирупот.

Додатокот на исхрана не е замена за балансирана и разновидна исхрана како и здрав начин на живот. 

Препорачаната дневна доза не смее да се надмине.

Defendyl-Imunoglukan P4H® сирупот не смеат да го употребуваат пациенти со пресадени органи. Пациентите кои се на имуносупресивна терапија може да употребуваат Defendyl-Imunoglukan P4H® сируп само по препорака на лекар. Defendyl-Imunoglukan P4H® сирупот може да го земаат бремени жени и доилки само со консултација со лекар или фармацевт.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се