NATURAL WEALTH Витамин Е 200 ИЕ, 100 капсули
![](/sites/default/files/styles/4_columns_1_1/public/2020-10/E-200.jpg?h=fbf7a813&itok=t9UmhRaq)
Опис на производот
Витамин Е 200 ИЕ е витамински производ што содржи витамин Е (токоферол).
Една капсула содржи 134 мг a-TE (200 ИЕ) во форма на ДЛ - алфа токоферол ацетат. Може да се користи ако имате недостаток на витамин Е и како превенција или како дополнување на терапијата при одредени состојби и заболувања.
Витаминот Е делува на следниов начин:
- Игра значајна улога во превенција од оксидативни оштетувања
- Има силен антиоксидативен ефект
- Ја штити кожата од негативните надворешни влијанија
- Го намалува црвенилото, настанато поради прекумерна изложеност на сонце
- Го спречува настанувањето на темни флеки на кожата
- Го намалува настанувањето на брчки и ја одржува кожата мазна и витална за подолг период
Дози на витамин Е од 400 ИЕ дневно, го намалуваат ризикот од оштетување на кожата поради изложеност на сонце, истовремено се намалува и продукцијата на канцерогени клетки.
Сепак, треба да се нагласи дека внесувањето на големи дози на витамин Е може да биде штетно, па затоа не треба да се земаат поголеми дози од препишаните.
Пакување: 100 меки капсули
Содржина
Производот не содржи: глутен, вештачки бои, ароми или засладувачи, конзерванси, шеќер, скроб, млеко, лактоза, пченица, квасец, риба.
Не содржи натриум.
Употреба: За возрасни, се препорачува по една (1) капсула на ден, пожелно заедно со оброкот.