PHARMANOVA Гинкобил форте 80, 30 капсули

Pharmanova Gynkgobil 80 Forte
PHARMANOVA Гинкобил форте 80, 30 капсули
283,00 ден.
198,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Категорија
Бренд
Шифра
047507C
Online only
Акција само онлајн, поради кратки рокови! Рокот на траење е до 30.06.2024
favorite_border

Опис на производот

Pharmanova Gynkgobil 80 Forte е граничен производ со стандардизиран сув екстракт од лист од гингко билоба.

Природна помош:

  • Во подобрување на когнитивните способности
  • Во одржување на оптимална периферна циркулација
  • За зачувување на нормална функција на слух и вид

Гинкгобил® 80 Форте како активна супстанца содржи сув екстракт од лист од билката Ginkgo biloba во количина од 80 мг во една капсула. Екстрактот од лист од гинкго содржи бројни активни соединенија (флавоноидни хетерозиди, гинколиди и билобалиди) кои влијаат на флуидноста на крвта во микроциркулацијата. Со тоа се зголемува дотокот на кислород и хранливи материи во мозокот што е од посебна важност кај постари лица, но и кај сите лица кои имаат намален капацитет за нивно искористување.

Употреба на гинкго се препорачува како нутритивна подршка во зачувување и подобрување на когнитивните способности и одржување на периферната циркулација, а може да се употребува и во состојби на умерена цереброваскуларна инсуфициенција. Употребата на Гинкгобил® 80 Форте може да допринесе кон нормалната функција на слухот и говорот.

Пакување: 30 капсули.

Производител: Pharmanova D.O.O, Обреновац, Р. Србија.

Содржина

Состав: Една капсула содржи стандардизиран сув екстракт од лист од гинкго (Gynkgo biloba folii extr.sicc.standardisatum, мин. 24% флавоноидни гликозиди од гинкго и мин. 6% терпени) 80 мг.

Список на останати состојки: желатин, средства против згрутчување: микрокристална целулоза, талк, магнезиум-стеарат, силициум-диоксид, бои Е122, Е171, Е172. 

Употреба:

Возрасни: 2 пати на ден по една капсула во тек на јадење. Се препорачува континуирана употреба во тек на најмалку 3 месеци.

Мерки на претпазливост: Ако сте земале поголема доза од производот отколку што би требало, веднаш разговарајте со вашиот лекар или фармацевт! Не земајте поголеми дози од препорачаните. Ако сте заборавиле да земете Гинкгобил® 80 Форте никогаш не земајте дупла доза за да ја надоместите пропуштената доза. Ако сте заборавиле да земете доза, земете ја веднаш откако ќе се сетите, а потоа продолжете со земање на препаратот според упатството или според препораките. 

Гинкгобил® 80 Форте не смее да го користите ако сте пречувствителни на екстракт од лист од гинкго или на која било компонента во состав на лекот, ако сте дете помладо од 18 години, ако сте имале хеморагија (крварење). Бидете посебно внимателни со граничниот производ ако одите на хируршка интервенција или сте лице кое има ризик од крварење во мозокот. Препаратите од гинкго може да го продолжат времето на крварење, односно неопходна е претпазливост при земање на антикоагулантни лекови. Не смее да се пречекоруваат препорачаните дневни дози. Лица кои земаат некоја терапија треба да се посоветуваат со својот лекар пред употреба на препарат со гинкго. Советувајте се со Вашиот лекар или фармацевт пред да земете било каков лек или граничен производ ако сте бремени, мислите дека сте бремени или планирате бременост. Поради недоволен број на податоци за употреба во текот на бременоста и доењето, земањето на граничниот производ не се препорачува. 

 

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се