PHARMANOVA Макси гинкобил форте 80, 60 капсули

Pharmanova MaxiGynkgobil 80 Forte maksiginkobil
PHARMANOVA Макси гинкобил форте 80, 60 капсули
465,00 ден.
326,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Категорија
Бренд
Шифра
047508C
Online only
Акција само онлајн, поради кратки рокови! Рокот на траење е до 31.05.2024
favorite_border

Опис на производот

Pharmanova MaxiGynkgobil 80 Forte е граничен производ

  • Стандардизиран сув екстракт од лист од Ginkgo biloba 80 мг
  • Не е наменето за бремени, доилки и лица помлади од 18 години

Екстрактот од лист од гинкго содржи бројни активни соединенија (флавоноидни хетерозиди, гинколиди и билобалиди) кои влијаат на флуидноста на крвта во микроциркулацијата. Со тоа се зголемува дотокот на кислород и хранливи материи во мозокот што е од посебна важност кај постари лица, но и кај сите лица кои имаат намален капацитет за нивно искористување.

Природна помош:

  • Во подобрување на когнитивните способности
  • Во одржување на оптимална периферна циркулација
  • За зачувување на нормална функција на слух и вид

Пакување: 60 капсули.

Содржина

Состав: Стандардизиран сув екстракт од лист од гинкго (Gynkgo biloba folii extr. sicc. standardisatum, мин. 24% флавоноидни гликозиди од гинкго и мин. 6% терпени) 80 мг.

Останати состојки: желатин, средства против згрутчување: микрокристална целулоза, талк, магнезиум-стеарат, силициум-диоксид, бои Е122, Е171, Е172. 

Употреба:

Возрасни: 2 пати на ден по една капсула во тек на јадење. Се препорачува континуирана употреба во тек на најмалку 3 месеци. 

Ако сте земале поголема доза од производот отколку што би требало, веднаш разговарајте со вашиот лекар или фармацевт! Не земајте поголеми дози од препорачаните. Ако сте заборавиле да земете Гинкгобил® 80 Форте не земајте дупла доза за да ја надоместите пропуштената доза. Ако сте заборавиле да земете доза, земете ја веднаш откако ќе се сетите, а потоа продолжете со земање на препаратот според упатството или според препораките. Ако наеднаш престанете да земате Гинкгобил® 80 Форте Не се очекуваат никакви посебни појави. 

Претпазливост: Немојте да го употребувате граничниот производ Гинкгобил® 80 Форте aко сте пречувствителни на екстракт од лист од гинкго или на која било компонента во состав на лекот, aко сте дете помладо од 18 години, aко сте имале хеморагија (крварење).

Бидете посебно внимателни со граничниот производ Гинкгобил® 80 Форте: Не се препорачува на лица кои одат на хируршка интервенција и лица кои имаат ризик од крварење во мозокот. Препаратите од гинко може да го продолжат времето на крварење, односно неопходна е претпазливост при земање на антикоагулантни лекови.

Не смее да се пречекоруваат препорачаните дневни дози. Лица кои земаат некоја терапија треба да се посоветуваат со својот лекар пред употреба на препарат со гинкго. Советувајте се со Вашиот лекар или фармацевт пред да земете било каков лек или граничен производ ако сте бремени, мислите дека сте бремени или планирате бременост. Поради недоволен број на податоци за употреба во текот на бременоста и доењето, земањето на граничниот производ не се препорачува. Нема податоци за влијанието на Гинкгобил® 80 Форте врз способноста за возење или ракување со машини.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се