PHARMAS Фемипаузе, 60 капсули (30 ден, 30 ноќ)

PharmaS Femipause femipauze
PHARMAS Фемипаузе, 60 капсули (30 ден, 30 ноќ)
989,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Категорија
Бренд
Шифра
034236C
favorite_border

Опис на производот

PharmaS Femipause е додаток на исхрана за хормонска рамнотежа и мирен сон.

  • Содржи мелатонин кој придонесува во намалување на времето потребно за заспивање 
  • Содржи витамин Б6 кој придонесува во регулација на хормонската активност 
  • Содржи витамини: ниацин, пантотенска киселина, Б6, фолна киселина и Б12 кои придонесуваат во намалување на заморот и исцрпеноста 
  • Содржи пантотенска киселина која придонесува во нормална синтеза и метаболизам на стероидните хормони, витамин Д и некои невротрансмитери 

Производот е наменет за жени над 45 години.

Пакување: 60 растителни капсули: светложолти капсули - ДЕН и 30  сини капсули - НОЌ.

Содржина

Состојки во препорачана дневна доза за PharmaS Femipause ДЕН (1 светложолта капсула): 

  • Сув екстракт од лист од црвена детелина (Trifolium pratense L.) - 100 мг

- од тоа изофлавони - 40 мг

  • Сув екстракт од лушпа од ленено семе (Linum usitatissimum L.) - 100 мг

- од тоа секоизоларицирезинол дигликозид (СДГ; најмалку) - 20 мг

  • Ниацин (во форма на никотинамид) - 16 мг (100% ПДВ*)
  • Пантотенска киселина (во форма на Д-пантотенат, калциум) - 6 мг (100% ПДВ*)
  • Витамин Б6 (во форма на пиридоксин хидрохлорид) - 1,4 мг (100% ПДВ*)
  • Фолна киселина (во форма на птероилмоноглутаминска киселина) - 100 мкг (50% ПДВ*)
  • Витамин Б12 (во форма на цијанокобаламин) - 2,5 мкг (100% ПДВ*)

* ПДВ = препорачано дневно внесување 

Состојки во препорачана дневна доза за PharmaS Femipause НОЌ (1 сина капсула):

  • Сув екстракт од корен од анѓелика (Angelica sinensis L.; дрога: екстракт = 12:1) -100 мг
  • Сув екстракт од корен од валеријана (Valeriana officinalis L.; дрога: екстракт= 10:1; одговара на содржина на 400 мг корен од валеријана; раствор за екстрахирање: етанол/вода) - 40 мг
  • Мелатонин - 1 мг

Состојки: 
ДЕН: инулин; сув екстракт од лист од црвена детелина (Trifolium pratense L.); сув екстракт од лушпа на семе од обичен лен (Linum usitatissimum L.); никотинамид; Д-пантотенат, калциум; пиридоксин хидрохлорид; птероилмоноглутаминска киселина; цијанокобаламин (малтодекстрин, средства за пуферирање: тринатриум цитрат и лимонска киселина); средства за спречување на згрутчување: колоиден силициум диоксид и магнезиум стеарат од растително потекло; капсула: хидроксипропил метилцелулоза, бои: титан диоксид и железен оксид, жолт.  
НОЌ: инулин; сув екстракт од корен од анѓелика (Angelica sinensis L.); сув екстракт од корен од валеријана (Valeriana officinalis L.); мелатонин; средство за спречување на згрутчување: магнезиум стеарат од растително потекло; капсула: хидроксипропил метилцелулоза, бои: титан диоксид и сина (Brilliant blue FCF). 

Употреба:

  • Капулите за ДЕН (светложоли капсули): 1 капсула дневно, по појадок, да се проголта со пола чаша течност.  
  • Капсули за НОЌ (сини капсули): 1 капсула дневно, половина час пред спиење, да се проголта со пола чаша течност.  

Мерки на претпазливост: Да не се надминуваат препорачаните дневни дози. Додатоците на исхрана не треба да се користат како замена за разновидна и балансирана храна. Важно е да се придржувате на балансирана и разновидна исхрана и здрав начин на живот.
Поради содржината на 1 мг мелатонин, благотворното дејство  се постигнува со земање на капсулата за НОЌ непосредно пред спиење. 

Лицата кои земаат лекови треба да се советуваат со лекарот, пред да почнат со земање на овој производ. Не се препорачува примена во период на бременост и доење и кај деца помали од 12 години. Не се препорачува примена при стомачна болка, отежнато голтање и хормонски зависни тумори. 

Начин на чување: Да се чува на температура до 25ºC. Да се чува подалеку од дофат на деца. 

 

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се