REPLEK Реконазол шампон, 120 мл
Опис на производот
Реконазол е ефикасен за превенција и третман на инфекции предизвикани од Malassezia, како што се првут, себороичен дерматитис и тинеа (питриасис) версиколор.
- Ефект видлив после 7 дневен третман
- Делува локално, без системска ресорпција
- Има пријатен мирис
- Наменет за коса и кожа
Пакување: 120 мл
Содржина
Состав: 1г шампон содржи 20 мг кетоконазол (антимикотик)
Помошни супстанции: динатриум лаурет сулфосукцинат, кокамид диетиламид, лаурдимониум хидроксипропил хидролизиран колаген, имидуреа, парфем хелиотропе 2184, хлороводородна киселина, вода пречистена.
Дозирање:
Возрасни и деца:
Шампонот се нанесува на болниот дел на кoжата или косата. По 3-5 минути убаво се плакне со вода. Не се препорачува кај доенчиња и деца.
Третман
Првут и себороичен дерматитис: два пати неделно во текот на 2-4 недели. Тинеа версиколор: еднаш на ден, максимум 5 дена.
Превенција
Првут и себороичен дерматитис: еднаш на секои 1-2 недели. Тинеа версиколор: еднаш на ден, максимум 3 дена пред изложување на сонце.
Мерки на претпазливост: Да се чува на температура до 25°C во оригинално пакување. Да се чува подалеку од дофат на деца.