DEFENDYL Имуноглукан форте, јуниор сируп, 100 мл

Medis Defendyl Imunoglukan P4H Forte Junior Syrup 100ml sirup za deca
DEFENDYL Имуноглукан форте, јуниор сируп, 100 мл
596,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
055456C
favorite_border

Опис на производот

Сирупот Defendyl-Imunoglukan P4H® FORTE Junior е течен додаток на исхраната кој содржи витамин Ц, цинк, Имуноглукан и 4 билни екстракти.

  • За поддршка на имунолошкиот и респираторниот систем во период од 5 до 10 дена.

  • Витаминот Ц, цинк и црн бозел придонесува за одржување на нормална функција на имунолошкиот систем

  • Јужноафриканскиот пелагрониум и округлолисна росјанка придонесуваат за одржување на здрав респираторен систем

  • Defendyl-Imunoglukan P4H® FORTE Junior сируп е наменет за деца над 3 години и возрасни на кои повеќе им одговара течна форма на додаток на исхрана

  • Не содржи глутен и лактоза

Пакување: 100 мл

Производител: MEDIS Медис д.о.о., Љубљана, Словенија во соработка со Плеуран, с.р.о. ЕУ

Содржина

Состав: вода, фруктоза, екстракт од билката округолисна росјанка (Drosera rotundifolia), сок од плод од црн бозел (Sambucus nigra), IMG® (плеуран, изолиран од буковка), сок од плод од црна рибизла (Ribes nigrum), регулатор на киселост (лимонска киселина), екстракт од корен од јужноафрикански пеларгониум (Pelargonium sidoides), витамин Ц (Л-аскорбинска киселина), цинк (цинк бисглицинат), конзерванс (калиум сорбат), згуснувач (натриум карбоксиметил целулоза).

Препорачана доза:

  10 мл содржи
Екстракт од растението округолисна
росјанка (Drosera rotundifolia)
300 мг
Сок од плод од црн бозел
(Sambucus nigra)
242 мг
IMG® (плеуран, изолиран од буковка) 100 мг
Сок од плод од црна рибизла
(Ribes nigrum)
54 мг
Екстракт од корен од јужноафрикански
пеларгониум (Pelargonium sidoides)
30 мг
Витамин Ц 26.4 мг ( 33 % ПДВ*)
Цинк 5 мг (50 % ПДВ*)

*ПДВ - Препорачан дневен внес

  • Не содржи: глутен, лактоза

Препорачана дневна доза:

  • Деца над 3 години: 5 мл два пати на ден или 10 мл еднаш дневно.
  • Деца над 6 години: 7,5 мл два пати на ден или 15 мл еднаш дневно.

Производот треба да се зема на празен стомак помеѓу главните оброци во период од 5 до 10 дена.

Мерки на претпазливост: Да се чува вон дофат на мали деца! Да се чува на суво место на температура од 15°C до 25°C, заштитено од влага и директна сончева светлина. Затворете го шишето по употреба. По првото отворање, чувајте го производот во фрижидер и употребете го во рок од еден месец.

Препорачаната дневна доза не смее да се надмине. Производот не смее да го користат пациенти со трансплантирани органи. Пациентите на имуносупресивна терапија, бремени жени и доилки можат да го земаат производот само по консултација со лекар. Додатокот на исхрана не смее да се користи како замена за разновидна исхрана. Разновидната и урамнотежена исхрана и здравиот начин на живот се особено важни.

Луѓето чувствителни на која било состојка на производот не треба да земаат Defendyl-Imunoglukan P4H® FORTE Junior сируп. Луѓето кои имаат проблеми со варење на солите на цинкот треба да го земаат производот со мала количина на храна.

Бојата на производот може да се промени поради состојки од природно потекло. На дното на шишето може да се појави талог, што не влијае на квалитетот на производот. Добро протресете го шишето пред употреба.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се